Archive | October 2012

Земи ме…

Залудно барам траги од твоето тело откако замина.
Но само пронаоѓам стотици сеќавања и спомени од тебе.
Ги затворам очите за да те замислам покрај мене. Но те нема и се околу мене станува тешко и ладно. Мојата сегашност веќе не е иста без тебе.

Земи ме. Земи ме повторно со тебе.
Сакам повторно да ја почувствувам твојата кожа на моето тело. Сакам повторно да те почувствувам до мене и да кажам дека си мој.
Сакам да те прегрнам и да ти признаам се што ми доаѓа на срце.
Бакни ме повторно, сакам повторно да почувствувам дека си мој.

Милијарда пати си реков на самата себе дека треба да те заборавам, но ништо од ова не постигнувам.
Кога и да посакам да бидам со друг, неможам. Друг е пред мене, а всушност јас тебе те гледам. Физички сум присутна до него, а психички мислам на тебе.
Ти го гледам ликот во секој случаен минувач. Понекогаш сум се затрчувала мислејќи дека си ти, но кога стигнувам до личноста по која се затрчав, се разочарувам.
Тоа не си ти.

Животот продолжува, но јас никако неможам или несакам да те заборавам и да продолжам.
Но ти си отиде, а јас пак го чувствувам она студенило кое ми го протресува телото, мислејќи дека не е исто без тебе.
А сега само ми останаа сеќавања, и топлината од твоите бакнежи живее во мене.
И едно знам.. повеќе не се препознавам.

Збогум…

Знаеш што?
Лошо било цело време да потиснуваш чувства,и да се правиш дека си силен кога се во тебе плаче.
Што би ти кажала..

Навечер имам некоја болка.Некои спомени кои упорно ме навраќаат на тие денови.
Нашите среќни.
Самата себе си давам илјада обврски .Мислите ги насочувам на друга страна.
Но неможам веќе.Тешко ми е .
Ми значеше многу.Сеуште ми значиш.Се наоѓам самата себе како се сеќавам на некој твој бакнеж,некој момент кога се смеевме толку силно,моменти кога бев толку среќна.
Ама неможам да го заборавам моментот кога стоеше покрај неа.
Се скршив на илјада парчиња,и тешко го составувам тој дел во мене што се скрши.
Тапа болка во ноќите имам.
Твојот глас,косата,тие очи.Неможам да заборавам.Како казна.
И сакам да плачам,да се изнаплачам.
Тешко ми е ама солзите сами излегуваат.
Сакам да останам горда.
Не те мразам.Те сакам до лудило.Без разум.
Многу ме гушат спомените.Секоја ноќ.
Зошто не ти и јас?
Зошто не уште мигови?Зошто животе?
А мене ме чека цел живот.
Многу нови мигови.И тебе.
Некои ноќи шетам сама.На секој чекор,помислувам дека си ти.            
Ама не си.
Учам повторно како да застанам на нозе.По незнам кој пат.
Падови и успони.Тоа е животот.
Ми рекоа некоја нова љубов ќе ми ги излечи сите рани.
Не сакам сега.Залудно е во други да те барам тебе ,твојот мирис .

И се плашам да го изговорам тој збор збогум,но морам.
Збогум.Збогум љубов.
Те сакав и те сакам.Се што си ти ,секој твој дел.Секој твој спомен.
Ми донесе најголема среќа,но и една многу голема болка.
Ако ова е таа вистинска љубов,имам мало жарче надеж дека еден ден ќе те имам пак.
Ќе ти ја држам дланката во мојата и ќе те гледам во очи.
И пак ќе го најдам мирот.Вака го немам.
Те љубам.Многу.
Збогум..

Минато си,далечно…

Кога би можел животов да ме почести макар половина час да бидам во твоја близина,половина минутка во твојата прегратка.Имам толку многу да ти кажам,и докажам.
Се прашувам често,каде ли си сега.Дали во некоја темнина ги вртиш сеќавањата како и јас.Минато си,далечно…а јас и понатаму се мачам со мојата немирна коса,која признавам изгуби многу од својата расокш.Изгубени сме, се бараме а никако неможеме да се најдеме.Јас сум на едната страна а ти на другата,не дели само мост,мостот на болката.Нели никој не сака да го измине истиот пат-патот на болката,па така не и ти.

Остануваме двајца кои цел живот ќе имаат иста болка,исти сеќавања и љубов,љубов која никогаш нема да згасне….

Тешко е…

Тешко е да се сака,
Кога не си сакан..
Да глумиш дека се е во ред,
Кога околу тебе се руши целиот свет…
Да се радуваш на Месечината,
А да не помислиш на него…

Некој да ја допре твојата рака,
А ти знаеш дека не е ТОЈ…
Тешко е да чекориш во ноќта,
Осамена и без никаква цел…
Да се преправиш дека си силна,
Кога одвнатре умираш…
Да плачеш кога никој не те гледа,
И трудејќи се никој да не те слушне…
Тешко е да се бориш со спомените,
Кога се те потсеќа на Него…
Да трчаш по тоа што некогаш било,
Знаејќи дека никогаш нема да го стигнеш…
Да паднеш во калта,
И потоа гордо да станеш преправајќи се дека се е во ред…
Тешко е да се пишуваат песни и раскази посветени за него,
Откривајќи ја својата болка на светот…
Да знаеш дека што и да направиш е залудно,
А покрај тоа ти и понатаму се бориш…
Да сонуваш покрај сето тоа што ти се случило,
Да не се предаваш иако срцето е повредено од некој трн…
Да веруваш и понатаму во љубовта,
Да не им завидуваш на останатите вљубени,
Да читаш романтични приказни иако сонуваш за Него…
Лесно е да се откажеш,
Да заборавиш на се,
Да заборавиш на сите што те сакаат
И само така одеднаш да им свртиш грб…
Лесно е да ги потиснеш спомените,
Да кажеш дека и онака ништо не ти значел
Кога всушност знаеш дека сеуште ти значи цел свет…
Лесно е да пропаднеш на тагата,
Да се загубиш во солзите и алкохолот,
Верувајќи дека ќе излечат се…
Лесно е да бидеш тој што не се осмелува да сака…
Но знаеш што…
Таkа нема да ја почувствуваш вистинската љубов!
Да,можеби боли,можеби срцето ми е скршено
Можеби не знам што ме чека утре,се кријам сеуште во себе.
Можеби дури и сеуште те сакам.
Но вреди…
Вреди секоја солза,секоја безнадежна моја романтична постапка,
Секој сон дека можеби нешто ќе се промени,
Вербата во љубовта…
Затоа,што после дождот доаѓа сонце…
А љубовта и покрај се
Е СЕ ШТО НАВИСТИНА МИ ТРЕБА!!!

За тебе…

Знам дека си ветив дека нема да се навраќам на минатото и да живеам во спомени,и самиот ми кажа “минатото е изгубена битка”…сфаќам дека тоа навистина е така, минатото навистина е изгубена битка, нешто што не можеш да го смениш. Читајќи ја и последната порака од тебе, ме обзема чувство на тага, болка, горчина, копнеж по нешто што постоеше, а кога сето тоа ќе се помеша настанува хаос, тотален хаос!!! Множество на испомешани чувства, каде што нема комплемент пресек или унија, каде што не се разликува позитивното од негативното, едноставно-НЕДЕФИНИРАНО МНОЖЕСТВО!

А ова е мојата исповед, преку која што ќе пробам да го изразам тој хаос што ми го предизвика твоето невнимание. Дозволи сето време поминато заедно да пропадне во вода без да ти трепне око, како во градите да не ти чука срце, туку еден часовник, кој всушност престанал одамна да работи, а ти стана ладен и бесчувствителен…но мислам дека е крајно време да ги смениш батериите. 

И врати го времето назад, се сеќаваш ли на твоите ветувања, се сеќаваш ли на нашиот прв бакнеж? Мислам дека ми кажа дека нема да го заборавиш, а сега сфатив дека тоа беа само празни зборови,
во кои јас слепо верував. Заслепена од сите тие слатки зборови и ветувања не ни забележав кога пројдоа 2 месеца, кои што ти ги заборави во секунда како ништо да не ти значеле, без грижа на совеста, без да се запрашаш за моите чувства, без да погледнеш назад за да ја видиш трагата што ја оставаш, со студен поглед ги продлабочуваш сеуште незараснатите рани, а секоја капка крв што паѓа од нив како со нож да ми го прободува срцето и создава толкава празнина… Болката повеќе не се трпи, не можам повеќе да издржам, морам да избегам од тука и да одам на некое место каде што ќе можам да најдам мир, да си ги расчистам мислите, место каде што ќе исчезне сета болка што ми ги обзема телото и душата. Но не, кукавички е да се бега, сепак, и покрај се, ќе најдам начин да се справам со се.

Ќе те преболам, ќе успеам во тоа! Но секогаш ќе се сеќавам на тебе, зашто ми ја врати надежта, ме натера да верувам во љубовта, беше со мене кога тонев во солзи, беше брегот кога се давев во депресија и самосожалување…рече дека ќе бидеш со мене без разлика на се!

Се прашувам дали тоа беа зборови кои доаѓаа од дното на твојата душа,кои беа искрени или и тие беа само уште една лага? Дали ме натера да верувам во твоите чувства, во нешто што не постоеше?!Image

Само спомени!

Вечерва овде без тебе замислена во темнината, и сокриена во бескрајот на тишината и осаменоста, удавена во разбрануваното море од тага и солзи, чекам да мине уште една ноќ… ноќ во која ќе можам повторно да ја почуствувам топлата прегратка на сонот.                                 И оваа ноќ по којзнае кој пат се навраќам на минатото, бидејќи тоа е единственото нешто кое ни остана, само тоа не поврзува. Ги чувствувам твоите нежни милувања и им се предавам на страсните бакнежи.                                                                                                                                              Ах, тоа е само сон. Сон сонет со отворени очи. Каде си? Каде ли замина?И оваа ноќ којзнае која по ред мислам на тебе, пишувам за тебе, но зборовите се најмоќни да го опишат ова силно чувство што ја исполнува мојата ранета душа, оваа љубов што го прободе моето срце кое уште долго време ќе се надева и ќе чека да се вратиш. Ноќва пеам за тебе, но знам не постои песна што ќе може да ја опише болката што ми ја нанесе твојата суровост, ниту има стихови кои би можеле да ти кажат колку те сакам и покрај се тоа што ми го направи.
И ноќва повторно плачам за тебе, не ги запирам солзите иако болката станува се поголема…очајот се потежок…Цела моли и страда душава моја за љубовта твоја која некогаш целосно ме исполнуваше, за љубовта што исчезна заедно со тебе.

Засекогаш…

Бескрајно те сакам…

Те сакам. Бескрајно те сакам. Со сето срце, со сета своја душа… Се случи да се вљубам во тебе на прв поглед. Некогаш ми беше смешно кога ќе речеа – љубов на прв поглед. А еве токму мене не ме одбегна.Зар не е романтично? Но оттогаш ми се всели немир во срцето. И одеднаш, само за миг, сиот мој свет се промени. Ме излуде со еден поглед, со една насмевка. Почнав да сонувам, постојано да мислам на тебе. Секој ден те гледам. И станувам сé посигурна во љубовта кон тебе. Кога ќе ме погледнеш, почнуваат да летаа пеперутки пред мене, упорно да летаат, а притоа запишувајќи го твоето волшебно име во воздухот. Во стомакот нешто ми затреперува. Твоите очи се толку мили и невини. Толку многу ги љубам. Ти, само ти си единствениот по кого срцево ми копнее. Ти си како ветар кој нежно ме допира и милува. Ти си сонце кое ме огрева, ти си најубавиот цвет во мојата градина. Ти си ми сé, ти си мојата единствена и незборавна љубов. Ти си мојата среќа, мојот живот.

Копнеам по љубовта твоја, копнеам од твоите нежни усни да ги слушнам двата волшебни збора: ТЕ САКАМ!

Немој да те зачудува тоа што сакам да сум твоја принцеза. Затоа заборави сé друго и дојди кај мене. Дојди кај онаа девојка што толку многу те сака. И сакај ме како што те сакам јас,зашто моево срце силно трепери и само тебе те чека.

Засекогаш во моето срце…

Секоја ноќ те сонувам .Секогаш го сонувам иститот сон .Сонувам како се разделувам од тебе ,те губам.Сонувам како не ме ни погледнуваш туку како странец поминуваш покрај мене. Чувствувам голема болка како во сонот така и во реалноста .Ех да можев да те имам во сонот , да можев да те бакнам и да те прегрнам кога во реалноста тоа е невозможно … Би сакала да се сеќаваш на мене со радост,да ме паметиш по убави работи но кога ќе размислам подобро е да заборавиш на се што се случило меѓу нас .Можеби и јас некогаш ќе заборавам на се што се случи и ќе продолжам понатаму со животот . Се радував на секој твој повик ,се радував на секоја наша средба, се радував кога ќе те видев насмеан а сега после се јас немам на кого да му се радувам … Ти беше причина за моја насмевка ,покрај тебе се чувствував силна ,ти беше мојата среќичка . Покрај тебе не чувствував никаков страв од неуспех туку верував дека ќе успеам и дека ти ќе бидеш горд на мене за сето она што сум го постигнала. Знам дека понекогаш бев избувлива кавгаџика ,нервозна и драматична но твоето однесување допринесе да испливаат на површина моите негативни особини.Јас чувствував страв дека ќе те изгубам . Сакам само да ме прегрнеш .Во твојата прегратка јас го пронаоѓав својот мир ,се чувствував сигурна ,смирена,заштитена.Зарем премногу барам ? Од срце ти посакувам да бидеш засекогаш среќен ,ти посакувам се најубаво.Утеха ми е тоа што знам дека ќе бидеш добро и што барем еден од нас ќе биде среќен и ќе ужива во животот….

Никогаш…

Се надевам дека повторно ќе те сретнам.Ти посакувам се најдобро и биди секогаш насмеан бидејќи таков си најубав. Никогаш нема да зажалам што те запознав, што беше дел од мојот живот и што го разубавуваше и ме правеше среќна на секој можен начин. Никое благодарам на светов нема да биде доволно за се што си направил за мене. Што и да се случи, нема да те заборавам и секогаш ќе бидам твојата малечка. Чувај се мило мое и не заборавај да се сеќаваш на мене. Длабоко си скриен во моето срце, да никој никогаш не те извади!Image

Hello world!

Welcome to WordPress.com! This is your very first post. Click the Edit link to modify or delete it, or start a new post. If you like, use this post to tell readers why you started this blog and what you plan to do with it.

Happy blogging!

This entry was posted on October 8, 2012. 1 Comment