Archive | March 2013

Што е животот?!?!

Размислуваше деноноќно. Размислуваше за тоа како животот е непредвидлив. Размислуваше за својата болест,за својот живот.

Секогаш гледаше позитивистички на животот,секогаш мислеше дека утрото ќе и донесе повеќе среќа,повеќе среќни моменти. Не се предаваше,одеше секогаш до крај , беше упорна. Сфати дека упорноста секогаш се исплатува – малку по малку.

Но сега единствено и беше важно да најде одговор на прашањето ’’ Зошто животот е толку суров, и непредвидлив?!?? ‘’

Стоејќи така,барајќи одговори кои не можеше да ги најде,знаејќи дека животот е краток, клекна покрај едно големо дрво,да го бара Оној кој секогаш е тука и со солзи во очите се молеше…8888888888

Се молеше за нејзиниот живот,за подобро утро…Се молеше за нејзините неостварени сонови,кои тие беа причина да не се откаже од животот. Тие ја туркаа напред.

Често забораваме што е она што нѐ одржува во живот. Нечија насмевка, допир, подадена рака, комплимент и поддршка. Работите кои ни се случуваат од ненадеж,оставаат голем белег во нас и страв за понатамошно повторување. Со тоа полека ја губиш силата на младешката замаеност и непобедливост, но затоа си ја имаш мудроста и искуството, со кои полека се утешуваш додека останувате сами во гнездото кое некогаш било дом на вашето потомство, а сега остануваат празни гранчиња, сведоци за некогашната детска радост и смеа, солзи и плачки, штрби насмевки и нежни лица.

Денот доаѓа до крај, па така и овој пат кој го нарекуваме живот.

Осуден си да останеш сам како утка, кога таа посебна личност не ќе е повеќе овде за да ги пополни пукнатините кои стануваат се поголеми. Но можеби поради некои конци кои ги влече судбината или пак чисто поради нејзина забава и љубопитност, ти си тој што оставаш пукнатини и празнини во туѓи животи…

Што е животот ? Секој би ти дал различни поими и дефиниции, но тоа се нивни мисли и идеи, не твои. Јас би ти ја кажал мојата:
.

„Животот е како цртеж без гума. Постојано цртаме со моливот на судбината, засенчувајќи со спомените на веќе заборавените времиња, боејќи со боите на заминатите денови и четките на годините. И тогаш, пред самиот крај, во тој миг на совршенство, ги здогледуваш твоите подеми и падови, твоите среќи и тажалки, твоите љубени и изгубени, ја здогледуваш сликата на твојот живот, на тоа што си бил, на тоа што си и тоа што засекогаш ќе останеш во екот на времето што изминува.“

Се чувствувам празно, чувствувам како да сум изгубена во просторот и времето! Чувствувам како да немам со кого да ја споделам болкава, а понекогаш и радоста, како да не доволно тоа што за се вложувам огромен труд. Како да не е доволно тоа што сакам да бидам среќна, како да не е доволно тоа што се обидува да бидам подобра личност, да ги попрвам грешките! Како да не е доволно тоа што помагам, тоа што љубам…
Ниту една песна, без разлика дали е депресивна или забавна не ми помога да се почувствувам повторно среќна. Сите овие насмевки на моето лице се всушност една совршена маска, маска која ја користам за да неморам да објаснувам зошто не сум расположена, за да ме мислат секогаш среќна и задовна од животот, а не скршена и беспомошна како се обидувам да ја навлечам таа маска. На моменти ми заглавува, како да не сака да биде повеќе дел од оваа моја мала драма. Драма наречена живот. Посакувам еден ден да разберам зошто, зошто не ми е дозволено за мала доза на среќа????

Нели е жалосно да згасне брзо животот на една млада девојка.Девојка која е во најубавите години. Девојка која има животна цел,која се стреми кон тоа. Да згасне животот на девојката на која соновите штотуку почнале да и се остваруваат…или сето ова е илузија??!?!

”Дали крајот вака мириса?!? ”

Ноќва мојата душа го напушта моето тело. Се чувствувам осамено, предадено.  Го мирисам крајот. Да, тука е крајот. Со солзи во очите и кнедла во грлото го изговарам ова. Несакам да го прифатам ова , но така е , нема двоумење. Многу работи се сменија,иако долго време несакав да ги прифатам  сепак на секој чекор ме пресретнуваа. Сите работи ми го покажуваат крајот. Кога само ќе се сетам на бакнежот во чело,силната прегратка,ноќите исполнети со смеа ми доаѓа да викам на сиот глас , да ме чујат сите. Но нема смисла,тука сум само јас , и тетратката пред  мене која ги впива солзите како палома. Да можев да го спречам ова , да можев да те гушнам и да поминам уште една ноќ со тебе. Уште една ноќ сигурна во твојата прегратка.

Како преку ноќ да се случија сите овие работи,како преку ноќ се се смени. Незнам ни јас што се случи,а и подобро е да не дознаам. Се огледувам во огледалото… Го нема сјајот во моите очи како некогаш ! Тивок шепот слушам во тишината. „ СОВРШЕНАТА ЉУБОВ ПРАВИ ДА БИДЕШ НЕСРЕЌЕН „ ! … Што ? Нешто имагинарно се обидува ми каже дека јас имам совршена љубов? Не, не.. само халуцинирам. Тоа е поради притисокот кој го врши душата напуштајќи го телото. Милиони стрептококи бацили го лазат моето тело, ладен зној ме облива. Во грлото чувствувам некој камен, камен кој не ми дозволува да ги искажам моите чувства.

Едно исто ми се врти низ глава,дали навистина ова е крајот? Можеби има некој излез? Не,несмее ова да заврши така. Ваква љубов неможе да исчезне,нетреба. Љубов која тешко се наоѓа.

Љубов која ме натера да ги правам работите кои некогаш не ни помислував дека можам да ги направам јас. Љубов која истовремено не прави среќни и тажни,не тера да се смееме а вејќе следнит миг да плачеме. Љубов која траеше со години,која премина секакви пречки преправајќи се дека тоа за неа не е ништо. Љубов која ме смени , ме смени така што сега неможам да се препознаам ни самата,а најмалку да очекувам друг да ме препознае.

Има ли надеж? Искра надеж која ќе ми покаже дека ова не завршува тука.
Има ли надеж со која ќе покажеме дека уште гори оној оган,огнот на љубовта која ни ги грее срцата. Јас и ти имаме да си подариме уште многу љубов.Уште многу прегратки,бакнежи и насмевки.Допрва доаѓа нашето време.Времето во кое ќе бидиме и двајцата среќни…

“Последната ноќ”

Што го тера човекот да се двоуми? Што го тера да зачекори или да се врати назад? Што го тера да се замисли? Знае ли што го чека и што би пропуштил? Не знаеше ова срце. Оваа душа. Незнаеше што внесе во крвта. Со што ги извалка чистите солзи. Незнаеше каде стапна. Ова срце што сега гори. Да вредеше ликот негов да ја однесе сета надеж ке паѓаше дожд од насмевки и среќни солзи. И во онаа ноќ темна и мелодија тапа, тивка а толку гласна и една мисла, една надеж…Безвреден врз неа стапна. Да можеше сонот да стане јаве, и сето каење што на душата тежи решение да беше. Сите камење да беа бакнежи. Сите стапици да беа прегратки. Да не беше трн љубовта. ВО сите соништа беше таа. Во секој сон беше тој. И секој нов чекор полн со надеж беше уште еден дел од скршеното срце. Светлина. Светлината спречи да се види она што го покажа оваа темна ноќ. Последната ноќ. Да се каже на некој јазик непознат. Ова срце разбра. Да се шепоти наместо да се зборува. Оваа душа слушна. Беа зборови тешки ко камења. Вистина што неа ја уби. Потона во своето каење. Гледајќи ја црната штикла, оној црн фустан, она што ќе беше. Помина. Она што се случи. И сите туѓи сонови, сите слични реченици, сите мисли розови, сета надеж. Замина. Кога часовникот отчука, помина магијата, умре надежта, умре љубовта. И секоја солза што ке падне ке биде за ништо, заборавена…Сите сонови и планови, во некоја фиока празна. Во сите нови реченици ја виде вистината, ја виде тагата и ова срце скшено на милиони бараше причина да не прочита, да не разбере. Веќе знаеше…..Последната ноќ. Сега во голема врева, таа слушаше тишина. Не заспа, будна остана. Чекаше да слушне барем уште една невистина. Уште една лага. Ги слушаше стрелките на часовникот. Времето што сакаше да го запре. Денот што не сакаше да дојде. Зборовите што ги слушаше а не сакаше да ги чуе. Ова срце знаеше. И последното парче. Ова срце сакаше и скапо плати. Ова срце веруваше и се скрши. Ова срце се надеваше и се изгуби. Некаде помегу ликот негов, сите пријателски лица, фустанот, гласната музика, звукот на црните штикли, мирис на парфем, таму некаде во сите тие сенки и светла ја виде единствената рамка. Во неа стоеше отсуството на Последната ноќ!!

Сама

Таа вечер се обидував да не мислам. Се обидував да се насмеам. Се обидував да се потсетам дека не ми требаш, дека не те сакам, дека не ми значиш. Посакував да е така. Баш онака како што ми кажа еднаш. “Посакувам да не ми значиш, посакувам да ми е гајле за тебе…“. Се чувствував чудно. Како некоја тапа тешка болка во градите. Како да ме гуши. Но, не можев да плачам. Со сета сила со саати се обидував да заплачам, се надевав дека ќе ми биде полесно ако се исплачам. Ама солзиве не сакаа да потечат. Се плашев дека нема да можам да се испразнам. Дека ќе останам ваква. Засекогаш. “Млада си” – ќе ми речеше да беше тука. Но не си. “Ќе дојдат уште многу. Не сум само јас.” – ќе ми речеше да беше тука. Но ти не си тука. Ноќите кога плачев барем ми носеа сончеви утра, барем ми носеа утра кога ќе го слушнев твојот глас. Сега знам дека нема да се јавиш. Нема да се јавиш и да се преправаш како ништо да не се случило. Нема да ме налутиш, а потоа да ме прегрнеш… А, затоа ли солзиве не сакаат да течат? А затоа ли срцево ме стега? Се чувствувам преполно, а сепак празно. И некоја вештачка насмевка ми е окончана како некој пластичен израз. Некоја заштитна маска. Барем да ми ја оставеше онаа ноќ да ми беше последна. Онаа ноќ кога ти кажав дека сакам никогаш да не заборавам. Барем да ме оставеше тогаш засекогаш. Барем да ме оставеше вчера, барем да ме оставеше утре. Барем да ме оставеше било која ноќ, само не оваа. Само не оваа. Ќе плачев цела ноќ. Ќе плачев и наредниот ден. И тој после него. Но, барем ќе бев празна по некое време. Барем ќе можев да почнам одново. Барем да ми кажеше дека ти значам. Барем да ме погледнеше еднаш онака како што цел живот ќе паметам. На оној начин – полн со емоции и да ме прашаше повторно: “А, оваa има ли емоции во себе?” И потоа да заминеше. Барем да можев да плачам. Посакувам да плачам. Да викам. Да врескам. Барем да можам да извикам на цел глас, цел свет да ме слушне. Бар да можам да си го пронајдам срцето некаде во мене. Да можев да украдам уште еден бакнеж кој ми припаѓа на мене. Да знаев дека никогаш нема да те видам, ќе го украдев и оној мал момент со тебе. Да знаев дека никогаш нема да те видам, ќе те прегрнев и ќе го впиев мирисот на твојата мекост. Мирисот на прегорена цигара и турско кафе. И повторно ќе те прегрнев и ќе се чувствував најсигурна на светов. Заштитена. Чувана. Љубена. Ќе украдев уште некој бакнеж и уште еднаш ќе те држев за рака. Ќе ја држев со сила твојата рака, велејќи ти дека ми е ладно и ќе се преправав дека засекогаш ќе ми припаѓа на мене. Дека засекогаш ќе ми припаѓаш на мене. Ќе дозволев да ме покриеш со твојата јакна и ќе се обгрнев со неа. Ах, колку го обожавав тој мирис. Ми припаѓаше на мене. На мојата приказна. На нашата приказна. Само сега, без тебе во неа…