Archive | February 2013

“Приказна од дневникот на една тинејџерка”

После се на крај секогаш се добива решението дека тетратка најдобро ги впива солзите, пенкалото ги кажува зборовите наместо тебе, ти ги чита мислите најдобро од сите.
Ех таа хартија колку пати сум ја почувствувала како најблиската личност на светот…
само што неможе да зборува, или сепак може, но јас не ја разбирам, како што другите често
не ме разбираат мене.
Ќе ги напишеш неколку зборови кои за тебе ќе значат сеќавање,
спомен или далечна меморија од изгубени денови на смеа радост тага, разочарување…
ти само пишуваш, кажуваш се што сакаш без да добиеш критика за делото кое ни ти
самиот не си сакал да го направиш.
И седиш така во еден агол од својата соба во раните часови на мракот, за да го истуриш целиот гнев
врз страниците кои ништо не ти згрешиле.
Се сеќаваш дека имало денови кога врисокот на твојата болка си го прикривал со шумот на водата во бањата,
дека си чекал полноќ сите да заспијат за да не те видат како се враќаш дома со очи полни
разочарување и душа уморна од 24часовната борба… две- три долги воздишки низ маглата, и цртање лажна насмевка
со невидлив молив, (кој другите сепак го гледаат) пред да ја отвориш влезната врата.
Таа вечер сфаќаш дека единствено што ти преостанува е следниот ден да глумиш дека се е во ред, затоа што
кога ќе се занесеш во улогата барем
на момент помислуваш дека претставата во која си среќен е вистинита.
Тик…так…часвникот отчукува пак, и за секоја секунда ти ги броиш голтките алкохол кои си ги испил во барот…
Е да, алкохол и тинејџер, во годините кои треба да бидат најубавите во неговиот живот.
И се што добиваш од страна е само критика од личност која заборавила дека некогаш била на твоето место.
Се сеќаваш  дека често зорите од летниот распуст си ги дочекувал на некое од твоите скришни места,
за кои можеш само да фантазираш дека се излезени од твоите соништа.
Се гледаш себеси, една вечер, како седиш на камените скали, пиејќи пиво од самрак до зори, и знаеш дека
нема да ти наштети затоа што ќе го исплачеш до последната капка. Потоа се смееш и ја пееш тивко песната чиј
текст одговара перфектно на твојата ситуација, додека поминува една љубопитна мачка, се плаши и заминува…
и пак остануваш сам.
Често заслепена од гласовите на околината кои со прстот те колнат поради твоите грешки, а ти си среќна што си ги направила,
затоа што си се здобила со ново искуство, си научила како следниот пат да не паднеш во иста дупка.
Често се прашуваш дали некој некогаш те предупредил дека животот ќе биде баш таков,
и дека најтешко е кога се чувствуваш како земјата да ти се руши под нозете а небото гори над тебе.
Покрај решенијата кој треба да ги носиш за проблемите, и стратегиите за сигурен пат до саканата цел,
мораш да размислуваш со внимание за да не ја нарушиш довербата на другите во тебе.
За да не ги изневериш нивните очекувања од тебе, кои сами ги создале, па глевен виновник си ти ако тие погрешиле.
Да, знам и самата дека сум направила разочарувања . Грешки и глупости, но сеуште вредам да бидам ценета затоа што никој
не е совршен, и никој не е онаков каков што ние очекуваме да биде.
Лесно е да се критикува, но тешко е да бидеш критикуван затоа што пушиш цигари, кога оние што те критикуваат
незнаат дека цигарата на моменти е подобро рамо за плачење од самите тие.
Ќе ти речат дека твојот образ е црн, без да знаат дека си се изгорел кога си мислел дека убаво е долго да гледаш во сонцето.
Заспиј, кога уморот сам ти ги затвора очите со помисла и надеж дека следниот ден ќе можеш да му измислиш насмевка и на сонцето.
Заспиј, кога сакаш да се разбудиш со подобра шанса за нова игра, но немој низ сонот да заборавиш дека утре
те чекаат другите кои заборавиле дека не си единствениот грешник.
И потоа мораш да го прекинеш пишувањето на денешната приказна за твојот дневник затоа што согледуваш дека последните
реченици кои си ги напишал немаат никаква смисла, а за следните немаш никаква идеја. Инспирација убиена од родителите
што често заборавват дека на еден тинејџер му треба време кога несака да зборува со никого…

” Бакнежи,прегратки,очи насмеани “

Дожд, ладно-само една насмевка, очи полни несигурност и прегратка.
Една вечер. Вечер во која за прв пат си дозволив да бидам онаа личност која навистина сум, си дозволив да се опуштам, и да бидам правата јас, без лаги, без криење.

Росеше… најубавото нешто, чувството кога лесни капки ќе ти паднат на лицето, а сепак не те облива тага зошто знаеш дека не се солзи, те милуваат капки кои за разлика од оние од твоите очи, овие ти носат среќа, и те прават исполнет, ти го даваат чувството на задоволство и убавина.

Вечер… период кој ти ја исполнува желбата да си поигруваш со времето, период во кој ти се среќаваш самиот себеси во две етапи…крај на денот и почеток на утрото-спој на временски разлики, нешто што звучи толку комплицирано и сложено прикажано во едно прекрасно нешто…вечерта.

Лице… кое е чувството кога личноста која навистина ти значи е тука,пред тебе.Ти зборува, а ти се губиш во длабочините на погледот на тоа лице,поглед кој никогаш нема да го заборавиш, поглед кој ти кажал сe, сe што во тој момент ти било потребно.Поглед со кој си го направил најдолгиот разговор во животот, а сепак не си изговорил ниту еден единствен збор.Усни, совршенството со кое беше кажано многу, а сепак не се помрднаа,беа заледени, а сепак топли со најизгубената насмевка, насмевка за која би дала сe…само за да ја видам уште еднаш.И на крај личноста и неговата прегратка-прегратка која можам да ја опишам со една често користена фраза-прегратка на дете,силна, топла, и неверојатно искрена.Спој на двете тела, долгочасовен разговор без збор.Незаборавно, но и неповратно…

Магична вечер

Повторно фебруари,дојде уште еден 14ти.Некои прославуваат,ден на виното а некои ден на љубовта.
За кого како,за мене беше само обичен ден.Љубовта за мене е она што најмногу ме боли,а со виното…па и не би сакала толку многу да се дружам.Се беше обично се до тој момент кога не постана тој ден толку магичен,за тој миг.dxcСедев така празна и осамена,се додека не одлучив и не собрав храброст,да си ја пробам среќата,или пак повторно да се вратам во живот.Беше неколку минути по полноќ,бевме сами јас и тој.И блескавите ѕвезди кои од секогаш биле сведоци на нашата љубов.Не ми се веруваше на сопствените очи,дека повторно сум застаната тука….дека повторно сум до оној кој ме правеше најсреќна.Стоев како прализирана,а на лицето имав блага насмевка…како за момент да застана времето.Стоев и само со светлината во моите очи го гледав,го гледав најмилото суштество,најубавите очи што воопшто некогаш сум ги видела.Посакав да го прегрнам….но залудно имаше нешто што не ми дозволуваше….А како што тој се доближуваше кон мене и упорно зјапаше во мене….чуствував се поголема и поголема сигурност.Внимателно го слушав како зборуваше,а неговото зборување мене ме опијануваше,што дури понекогаш знаеше да ме извади од контрола.Е гледав повторно онаа слатка срамежлива насмевка.Незнам како успеав….или можеби се опијанив од она што го гледав,решив да е покажам мојата храброст…за мене сеуште непознато,незнам како успеав…но кога малку се освесстив ги видов моите раце обвиткани на неговата половина.Не ми се веруваше на сопствените очи…Потоа се најдов во неговата прегратка…во прегратката каде што секогаш се чуствував најсреќна,исполнета и најзаштитена,мојата глава се најде на неговото рамо.Го почуствував повторно неговиот мирис,мирисот кој ме враќаше во живот,но и ми наврати многу спомени од минатото….

Љубовна опивка

Се почувствува сигурно. За прв пат по долго време се почувствува заштитено. Тоа беше денот кога неговите усни се запечатија на нејзиното чело,тогаш почувствува пеперутки во стомакот,нејзината крв почна да тече мирно. Магичен,таков беше мигот. Ги слушна сите светски камбани во тој момент.
Колку сакаше повторно да го почувствува истото нешто. Бар само уште еднаш.

–  ” Нека неговите раце повторно ме обвијат,нека ме спои повторно со себе. Нека ме бакне повторно. Се колнам. Во мигот моето име ќе биде Среќа.” – постојано повторуваше.
Во нејзините вени нема да тече крв,туку љубовна опивка.
Се колнеше. Во ноќите темни сонот го бркаше и за него се молеше. Нејзините молитви го имаат неговото име. Се молеше за нивната среќа. Погледот и е насочен кон небото,а мислите кон него. Го сакаше повторно до неа. Се колнеше дека тоа  е сѐ што сака..
Се обрати со тажен глас и солзи во очите – ‘”А денот,денот кога ова ќе стане реалност,јас свеќа ќе запалам и со рака на срце пред бога ќе се заколнам дека за негова среќа ќе живеам , и за неговите усни споени со моето чело ќе дишам..”

‘‘ Само еднаш се љуби вистински ‚‚

“Постојат многу љубовни приказни но, нашата беше поинаква – совршена. Никој не нѝ кажа дека вистинската љубов боли. Или пак, ние тоа не сакавме да го знaеме? Сосема небитно. Проклет да е тој августски ден што нè уништи. Љубовта не, но нас да. Го нема повеќе она “ние’, сега сме само јас и ти. Двајца луѓе што некогаш си значеа многу еден на друг а, денес се само двајца туѓинци. Помина многу време,а како вчера да беше. Сеуште се сеќавам на моите први љубовни солзи кои многу ѝ тежеа на мојата душа кога ме напушти. Тогаш го осетив вкусот на болката што ја предизвикува првата љубов. Дури и небото пушти неколку солзи таа ноќ за љубовта што згасна, а некогаш толку силно гореше. Tолку многу ме сакаше и не дозволуваше никогаш да бидам повредена. Премногу убав спомен остави во моето срце кој засекогаш ќе живее таму. Не, нема повеќе никого да сакам како што те сакав тебе. Нешто недостига кај мене. Недостига искрата во очите што гореше кога ти беше покрај мене и огнот во срцето што гореше секој ден сè повеќе и повеќе. Само еднаш во животот се љуби вистински, зар не?

“Не постои заборав”

Заборав? Што е тоа? Во мојов вокабулар никогаш не постоел таков збор,а во моево срце не постои back up опција па да избришам се што има во него.
Не постои алтернатива-ќе го помнам секогаш. Секоја прегратка што некогаш ми ја подарил засекогаш ќе остане запишана во мојата кожа. Секој бакнеж свиен на моите усни ќе ме пече се додека сум жива.
Заборав? Зар постои такво нешто? Не,не постои!
Тоа е само уште еден поим-апсурд на општеството. Како можам да ги втурнам во заборав тие очиња кои ме гледаат заносно. Како да ги заборавам магичните мигови изминати со него. Како? Никако. Нема заборав.
Непостои алтернатива-ќе го сакам додека сум жива.
Проклет да е мигот кога го послушав црниот волк во мене. Проклет да биде мигот во кој го истуркав од себе единственото нешто што беше навистина мое.
Знаев-морам да платам,но колку скапо? Дури и премногу. Платив со душата-му ја подарив. Сега сум сиромашна. Стојам на подот питајќи за ронка љубов, и дозволувам да ме газат. Дождови се слеваат по моето лице,силуети минуваат и се исмеваат со мене.
Цвет сум-веќе овенувам. Листовите ми паѓаат и врз нив се слеваат безброј чекори,калливи од дождот.
Ме валкаат,ме уништуваат…
Заборав? Не…нема да го заборавам.Само молам дождот да измие се од мене,грешките и зборовите кажани,болката и уништувањето.Нека дождов ги врати неговите бакнежи,прегратки и неговото битие.
Сакам се да биде како некогаш…