Archive | December 2012

Секогаш…

Секогаш кога ќе помислев дека сум сама и дека единственото нешто што го имам е само мојата мисла, се наоѓаше некој да ми ја разниша хармонијата, всадувајќи ми чувство на сооднос и соживот со светот…но кратко по тоа, се случуваше да неможам да престанам да размислувам дека кој и да се обидел да тропне на вратата од мојата душа, згрешил и си заминал, а во мене оставил да тлее еден жар кој подоцна се распламтува во оган на разнишана самодоверба, која ме уништува долго после тоа…
Се обидов да закрепнам, се обидов да избегам, сакав повторно да сум сама, за да не згрешам и за да не дозволам да ме допре топлината на огнот кој упорно гори…но колку повеќе бегам колку се одалечувам, толку повеќе го разгорувам тој оган кој ми создава изгореници од трет степен, манифестирајќи рани, длабоки рани кои ме печат и се уште ми создаваат чувство на онаа пеколна жештина…решив да застанам и да не бегам повеќе, да не се одалечувам од себе…решив…како незнам…најверојатно затоа што немам сила повеќе да бегам од себеси и од она што сум…нивиот свет, продирајќи како честичка толку ситна, во нивните души кои беа толку малечки и оддеднаш пораснаа…сето тоа само заради крилјата кои ти ми ги даде, со кои ја достигнав висината на великанот кој само со добрата мисла успеа да го промени светот…

Ги затворив очите и помислив на тебе…одлетав…избегав во височините каде само ти умееш да владееш, таму е твоето место, таму припаѓаш ти…Се запрашав дали има место и за мене покрај тебе, се обидов да те достигнам, но преголеми се твоите чекори, брзам за да те достигнам…и оддеднаш ми подаде рака, ми помогна да те следам, да те пратам во секој твој чекор, ме носеше на места кои ги немав видено, слушнав мелодии кои ги немав чуено…направив дела кои го сменија светот…благодарејќи на она големото што во себе го носиш, на човечноста со која ме огреваш, на добрината со која ми го осветлуваш патот…покрај тебе научив да летам во предели кои се населени со луѓето кои незнаат за убавината на искреноста и вистината, летав и сеев од магијата на љубовта, а таа како магичен прашок се лепеше во респираторниот систем на остатокот од живиот свет, продирајќи како честичка толку ситна, во нивните души кои беа толку малечки и оддеднаш пораснаа…сето тоа само заради крилјата кои ти ми ги даде, со кои ја достигнав висината на великанот кој само со добрата мисла успеа да го промени светот…

“Петар и Марија”

Секој во овој свет прави грешки.Некој помали некој поголеми.

Некого една грешка може да го чини цел живот,а некого може и да не го засегне ни 1%.

Тоа е она што старите го нарекуваат “Секој со својата среќа”. Всушност  за Марија таа изрека слободно можеше да биде изречена “Марија со својата несреќа”.

Зошто е тоа така???

Епааа….

– Не беше многу одамна ,кога за прв пат го запозна . Кого ?? Еден ангел  реинкарниран во човек. Името што го носеше беше толку   ангелско – Петар .

Го запозна и неочекувано се вљуби во него. Го сакаше повеќе од себе. Нејзините скромни 16 години воопшто не и пречеа за кон него да чувствува исконска љубов. Не и пречеше  љубовта , но ја исплаши. Во сржта и заради таков страв…

Ќе се праша некој зошто страв?? Можеби страв од среќата или едноставно страв од љубовта.

Стравот беше нејзината грешка. Му дозволи да ја надвладее. Да , ја надвладеа и тој зборуваше во нејзино име во моментите кога…

Марија : Неможам , Петар.

Петар: Што неможеш??

Марија: Неможам да продолжам со сето ова што го имаме јас и ти. Остави ме. Сакам да сум среќна-но не со тебе.

Петар: Сигурна ли си во ова што го кажуваш??? Размисли малку?? Не е лесно туку-така се да пропадне во вода. Неможеш лесно да го отфрлиш она што го имаме. Неможеш,несмееш,нетреба…

Марија: Можам,смеам,треба.Тоа е она што го сакам. И сигурна сум во тоа.

Петар: Уште еднаш ќе те прашам..Сигурна ли си ?? Знаеш дека нема да се вратам назад…

-Го гледаше како заминува , и во неа се бореа два волка. Првиот беше бел-љубовта , вториот црн-стравот. Белиот шепотеше “Не продолжувај да чекориш.Сврти се кон мене . Те сакам.”, а црниот викаше со сиот глас “Трчај !! Бегај од мене.”

Две солзи жешки како жарови од камин се слееа по нејзиниот образ. По нив уште две. Се закануваше опасност од повторно содавање  на океанот  Тетис , доколку не престанеше со пролевањето солзи кои повеќе наликуваа на вулканска лава.

Замина.

Петар замина, а Марија остана сама на малото копно кое пополека тонеше. Кога виде во каква ситуација се наоќа стравот исчезна. Храброста го замени неговото место . Ги избриша солзите и го заврте Петаровиот број…

Марија: Извини. Бев во заблуда. Грешев. Никогаш нема да бидам среќна со друг . Свесна сум. Сега сфатив колку згрешив. Во тебе се крие мојата среќа..

Петар: Сега е веќе доцна. Јас тогаш два пати те замолив. Ми ја скрши гордоста Марија. Тоа е нешто кое нема да ми дозволи никогаш повеќе да бидам со тебе.Ми го зеде срцето. Тоа кај тебе е . Го немам јас. Чувствувам празнина во градиве, ми недостасува тоа. Гордоста е единственото нешто што го имам…

– Храброста испари од неа,неможеше повеќе да  зборува,замолче.

Тој замина. Ја остави стуткана во кош од празна соба да плаче и да се кае.

Но што и носеше каењето???? Само болка …Ништо друго.

Стравот кој го хранеше во себе , беше грешката на Марија која ја обележа за век и векови…

Лице…

Беа многу градови.                                                                                                                                                                                                                                                         Многу луѓе. Учев како се негува лицето. Знаеш, на крајот од денот човек секогаш легнува сам. Може да спие со некого, но легнува сам. И тогаш, во сонот излегува она лице кое треба да биде единствено цел живот. Јас го сакатев моето со сите работи кои ги имав и кои никогаш ги немав. Сега сфаќам дека секој има само една желба: лицето да му биде сакато од насмевки. А види. Погледни! По ѓаволите, погледни! Нема овде ниедна насмевка. Има старост која требаше да биде среќна младост. Имам премногу несреќи во овие бори. И знаеш што има друго? Знаеш? Има храброст. Има желба. Имам потреба да се смеам. Да бидам овде и да се смеам. Колку што ме држи гласот. Колку што ме држат нозете.
Да се смеам? Заради себе ги изгубив насмевките. Никој никаде не ми е виновен за тоа. Виновна сум што сум и што не станав нешто друго. Имав други сонови, знаеш. Други желби. Имав. Сакав да бидам некаде, сакав да бидам со тебе и тоа да трае.Сакав да се будам наутро и да се насмевнувам за некои обични работи, за заспаноста на твоето лице, за грчевитото смеење во сонот. За некои работи кои ми се смешни само мене и тоа само затоа што се твои работи. Нема ништо од тоа сега. Нема. Покрај тебе јас учев како да бидам јас и како да се носам со сопствениот товар. И сега тој товар ми тежи. Кога заминав си го зедов сиот. Не ти оставив ништо. Товарот секаде тежи цел живот тежина ако немаш кој да ти помогне кога рамениците ќе ти станат преуморни, кога колената ти потклекнуваат. Ти беше тука. И сега сум само јас и она што остана од тебе на моето лице. Несреќата си ја носам само со себе. Исто и радоста. Исто и желбите. И верувам во нив. Верувам дека сето ова остарено, сето потрошено и сето сегашно на моето лице ќе се промени. Дека ќе засјае. Сјаев, знаеш. Толку многу сјаев. Сега е мрак. Лицето. Очите. Мрак.
Понекогаш сакам да го исечам своето лице од главата и да го погледнам. Да си го видам лицето. Да видам до каде стигнавме заедно, каде не отидовме. Кога моето лице би имало друга уста, кожата би раскажала своја приказна. Приказната од мојата кожа и онаа од душата не ги живее ист човек. Јас го чувам детето во мене кое лицето одамна го заборавило.
Минувам со раката по сопствените неправилности. Чувствувам вдлабнатини под очите, бразди околу усните, некакви ситни дамки по челото. Чувствувам време кое побрзало некаде од кај што нема враќање и издишувам во плач. Ми плаче времето, знаеш. Толку многу ми плаче што никој не го слуша мојот врисок. Клекнувам во еден агол и ја притискам кожата. Не ме боли стисокот. Можеби ме болат прстите. Можеби лицето ми заглавува полека под ноктите. Можеби сето време стои под моите нокти. Можеби треба да ги откорнам ноктите и времето ќе излезе како воздух од дупнат балон и ќе биде секаде наоколу. Сето време. Сето мое време, знаеш!
Не знаеш. Нема никогаш да знаеш. Ти нема никогаш да знаеш колку чини и колку не трае време кое се пропуштило. Си мина. Едноставно, си мина. Кога погледнувам на назад, гледам многу луѓе. Многу места. Многу. Многу нешта кои нешто значеле. И кои денес ги нема. Ова мое лице останува од нас. Толку. Само толку. И никогаш немав ништо друго. Ништо.

Боли…

Боли..
Знаеш, многу боли.

Не знам зошто сеуште очекувам дека нешто ќе се подобри, кога досега ништо не се случи. Не знам зошто очекувам во иднина да си со мене во тешките моменти, кога сега не беше. …
Не беше со мене кога најмногу ми требаше. Не беше со мене кога се разбудив од кома, не ја држеше мојата рака.

Не беше со мене кога ја гледав пониженоста во очите на моите родители.
Не беше..
Не знам зошто очекувам дека во иднина ќе бидеш, кога знам дека нема.
Не знам зошто сеуште чекам некој знак дека не сум во право..

Не знам зошто се лажам самата себеси.

Не знам.. навистина не знам. И тоа толку многу проклето боли.
Мене само ми требаше рака која ќе ме држи.. Која ќе ме држи толку силно што нема да ја чувствувам болката во душата.
Толку ли многу барав?

Декември…

Уморно правам уште еден чекор.

Кон ништото.

Чекорам без цел, онака, колку да не се губи смислата на животот.

Ги здивнувам сите болки и страдања и уморна застанувам на прагот на уште една година.

Тече животот, минуваат годините.

А јас не чувствувам. Минува покрај мене како воз од кој ми маваат рака и среќата и љубовта.

Го пропуштив тој воз.

Се качив јас на последниот, влечејки ги со мене сите тешкотии и несреќи.

Повторно.

Кон уште една година.

Се гледаме со животот.

Очи во очи.

И молчиме. Двајца странци, непознати.

Доцна е да се почне одново. Се раѓаме еднаш, и умираме еднаш.

А родени сме, нема назад. И сега ја чекаме смртта.

А целта,тоа ли е?

Го тегнам животот како леплива смола влечејки го низ моиве изминати години. И ќе го влечам, уште многу.

Кога ќе пронајдам цел во животот, или не.. Сеедно.

А студен е декември. И студено ми е срцето, замрзнато во челични мразулци, чука, за да живее…една личност.

Уморно го правам следниот чекор, топејки се како снегулка на подмрзната земја. А декември е…

Не го сакам ова чувство ..

Не!! Не го сакам ова чувство ..

Мислев исчезна некаде во празнината на мојата душа ..

Да, во празнината која ти ми ја остави, после тебе се остана празно и безцелно ..

Мислев не ми требаш, имаше денови кога се чувствував одлично и помислував на тебе,

но со помислата дека веќе сум те преболела.

Почнаа веќе и спомените да не ме болат, но тоа само на некој ден …

Мислев поминало веќе се, ти по својот пат, а јас по мојот.

Но, некој од нас тапка во место, а можеби и двајцата.

Јас останав да живеам во моите соништа, а ти ги живееш твоите соништа, со друга покрај тебе и премногу блиску до мене.

Боли таа твоја близина, боли тоа што се заврши како што и започна, со погледи ..

Порано ја барав твојата близина макар и само да те гледам, а сега сваќам дека и тоа ми е малку ..

Ми ги разорува вените, како силен отров ми струи низ телото, ми ја гребе душата секој нејзин допир, секоја нејзина насмевка, ме боли тоа што таа ја има мојата среќа.

Ме боли тоа што не си мој, и никогаш и не си бил.

А јас на пати бев твоја, сеуште сум и веројатно ќе бидам..

Не си дозволувам уште еден како тебе да ми се случи, а и не верувам дека некој би те заменил.

И болат сите погледи, и двајцата не знаеме што секој од нас крие ..

Го одолговлекуваме крајот, иако веќе одамна се е завршено, иако можеби никогаш и ништо не започнало ….

Или можеби има нешто посилно од се ..

Посилно од дргиот до мене, од другата до тебе ..

И го мразам тоа чувство, мислев веќе не постои ..                      

Но кого залажувам …

Јас сеуште те сакам, и понекогаш навистина го мразам тоа.

Постојам за еден момент. …

Постојам за еден момент.

Моментот, кога нашите погледи ќе се спојат.

На чудесен начин додаваш магична боја во се што ќе прострелаш со твоите очи, потемни и од ноќ без месечина.

Живеам, за моментот кога ќе ме обоиш, кога денот од сив, го правиш пошарен и од виножитото над езерото што често го сонуваш.

И ги љубам моментите кога тој топол поглед застанува во моите еднолични, кафеави очи што раѓаат само празен, тажен поглед.  И нив сакаш да ги обоиш?

Доволно е што ми ги боиш сништата, бар тие не се сиви повеќе..

Не сакам, не сакам ништо друго од тебе, несакам ниту да замислувам, затоа што вечно ќе мечтаам.
Знам, ќе останеш желба неостварена, ќе останеш љубов огромна, платонска. Пак би рекла – живот.

Никогаш не се знае до крајот. Можеби некогаш ќе го дочекам моментот кога ќе нурнам во твојата прегратка, ќе го почувствувам ритамот на твоето срце што чука за некоја среќничка, ќе го почувствувам мирисот на твојата кожа.

Бар за момент, кој за мене ќе заврши кога ќе ја испуштам последната воздишка. И тоа е премногу, иако е само плод на мојата имагинација. Но далеку некаде, ќе постоиме јас и ти.

Длабоко закопани, мртви, во песокот на дното од срцево. Ти незнаеш и несакам да дознаеш.

Не треба да дознаеш.

Ти само треба да додадеш боја во сето сивило околу.

Не сум губитник…

Чекорев.

Чекорите ми стануваа се’ потешки.

Ветерот силно фучеше и снегулките кои немилосрно паѓаа ги насочуваше директно во моите очи.

Се обидував да се заштитам од нив. Го насочував погледот во белината што се простраше под моите нозе.

Рацете ми беа скриени во џебовите од капутот.

Сакав да ги затоплам некако, но заборавив дека во мојата душа студот е поголем од тој што ме опкружуваше откако *тој* не е дел од мене.

Се чуствував толку осамено. Како да бев сама во таа снежна ноќ. А не бев. Не бев затоа што гласовите на малечки дечиња што се радуваат на првиот снег од сите страни ме околуваа, но како да не ги перцепирав.

Ги имаше и таквите што од време на време ја губеа рамнотежата па паѓаа врз белината. Потоа следуваа сочни пцовки насочени кон времето. Како да им е некој виновен што не се внимателни.

Се чуствував осамено.

Покрај сиот тој хаос јас бев сама. Како да бев единствениот преживеан по апокалипсата.

Ми требаше неговата насмевка и неговата прегратка за да се чуствувам повторно, топла, сакана, нежна.

Чуствував дека тоа го има некоја друга. Тоа што некогаш беше мое, сега припаѓа на друга. Но не целосно, бидејќи еден негов дел остана во мене, крај мене засекогаш.

Тој дел е она што ме бодри во оваа борба против времето и сите невојли. Тој дел е она што ми кажува дека ќе дојде времето кое некогаш беше само мое. Тој дел е она што не дозволува жаров во мене да се изгасне.
Не нема да се изгасне, не нема да престанам да се надевам, не нема да престанам да се борам, ќе одам до крај.

Животот е борба, а јас не знам да бидам губитник, затоа ќе се борам, и ќе победам.
Само го молам ветеров вечерва да ги однесе овие мои зборови до ушите за кои се наменети. Нека снегулките ја пренесат мојата желба за враќање на времето.

Така требало да биде..

Го извикувам твоето име без глас. Никој не може да го слушне, освен срцето. Не знам како успеа толку многу да го засака твоето име. Силно е срцето, да. Толку силно што дури ни времето не може да ја избрише сликата во него. Сликата е совршена. Јас, ти заедно засекогаш. Зошто никој не ми кажа дека тоа засекогаш не постои? Таа слика живее само во моето срце. Живее заедно со болката и солзите. Еве една капна и од срцето. Зарем не знаеше дека срцето плаче? Има многу работи што ти не ги знаеш. Ме посетуваш во сонот секоја вечер. Сè е прекрасно, но утрото ми го крши срцето, ја прекинува нашата љубов. Кој всушност ја уништи нашата љубов? Дали тоа бев јас или ти? Или па сосема некој друг? Сосема небитно. Станувам наутро, ја ставам вештачката насмевка и така врвам низ животот. Врвам без цел, без патека. Без љубов во срцето, бидејќи целата ти ми ја зема. А, колку само болат туѓите усни. Колку само посакувам да го осетам пак вкусот на твоите, барем за миг. Реалноста секогаш ми ги уништува соновите, ми го уништува срцето. Само не знам каде ги стави сите работи низ кои поминавме. Дали помислуваш на мене кога ке погледнеш во ѕвездите? Ти можеби не, но тие сигурно се сеќаваат на нас. Тие се сведоци на нашата љубов што некогаш толку силно гореше. Колку само го мразам зборот “некогаш”. Зошто не и сега? На некои прашања едноставно нема одговор.
Така требало да биде…

Што е тоа во тебе ?!?

Што е тоа во тебе, што уште од првиот поглед, од првиот твој збор ме натера да мислам на тебе и да не престанам?
Што е тоа во тебе, што иако и покрај сите правила, дека си забранет, ме тера да се борам за тебе?
Што е тоа во тебе, што со секој нов ден, ме убедува дека сè уште има надеж, за нас..
Што е тоа во тебе, што секој твој поглед, секој твој збор, ме вознемирува секој пат..
Што е тоа во тебе, што со секое твое враќање кај мене, ме влече… да се заљубам во тебе, од ново и од ново…
Што е тоа во тебе..?

Или е само до мене..
Кој знае?

Ништо не е случајно!

Беше тажна,изнемоштена,како да не знаеше каде се наоѓа.

Воочливи беа солзите во нејзините очи.

Често со прстите поминуваше низ нејзината коса,вртејќи се лево-десно да ги сретне неговите очи.

Но залудно,тој не беше таму.

Беше толку замислена,што и тие околу неа незнаеа како да ја расположат.

Се загушуваше.

На секои 5 минути излегуваше да земи воздух,но сепак ништо не и го смени расположението.

Го пиеше своето мартини полека,голтка по голтка, чиниш кнедли проголтува,а не алкохол.

Неможеше повеќе.

Го зеде своето палто,тивко им рече “Останете во добро расположение” и си замина.

На никој не му падна чудно таквата постапка,се очекуваше,всушност и се чудеа како издржа толку долго.

Продолжи да го бара,таму каде што беше 100% сигурна дека ќе го најде.

Брзаше,чекорите ги правеше дупло поголеми  од вообичаеното.

Дишеше брзо,мислиш ништо неможе да е сопри.

Влета внатре,срцето и чукаше божем истрчала цел маратон.

Беше сигурна дека ќе го најде,се туркаше низ гужвата,од време на време замижуваше од силното светло што удираше право во нејзините очи полни со солзи.

Се закашла.

Чадот од цигарите и сметаше како никогаш до сега.

Но не се предаваше.Се “ѕвереше” навака-натака…

Неможеше да прифати дека тој е тука. Мислеше не го забележала.8124579653_dccf8b05d5_b_large

Се врати по истиот пат,но залудно.

И конечно солзата се стркала по нејзиното лице,но недозволи никој да примети.

Полека излегуваше , наоѓаше изговори само колку да не остане на тоа место.

Само сакаше да остане сама.

“Животот е толку суров…”-изговори после  неколку часовното молчење.

Се погледнаа вочи тие околу неа,но незнаеа што и е .

Всушност ни таа самата не знаеше точно што и е . Тага,љубов,љубомора…?!?!?

Наеднаш застана, се насмевна…

Да и се исполни желбата,виде тоа што сакаше.

Кратко траеше насмевката на нејзиното лице,но сепак можеше мирно да заспие.

Ништо не е случајно,има причина за се што се случува“-рече и повлече еден дим длабоко во градите, луто го задржа, а потоа уште побесно во неверување го испушти.