Archive | January 2013

Исповед

Некогаш чувствувам како никој да не ме разбира. Всушност секогаш е така. А како не би било кога се случува некогаш и сама да не се разберам. Се гледам во огледалото ,ги гледам солзите како течат по моето лице и не можам да се сетам од каде доаѓаат , а ни каде одат. Тажна сум. Во мене владеат урагани веќе долго време. Би можела да се заколнам дека нема ни еден здрав орган во мене . Се е нагризано. Се е заразено. Оваа љубов -најубавото и највистинското нешто што сум го почувствувала во сиот мој живот , пополека ме убива . Овие канџи кои ме држат во место и не ми дозволуваат да итам со времето ми ја цицаат силата. Веќе и немам сила да им се протиставам . Одамна ми стана јасно дека никогаш нема да се ослободам. Оваа љубов ќе гори во мене се додека гори факелот на мојот живот .. Ќе живеам, ќе плачам и пополека ќе умирам, но секој мој здив ќе биде испуштен од љубов кон него.  Знам . Нема да ме разберат – ни јас не се разбирам. Ниту тие ќе видат , ниту јас гледам една единствена причина за оваа љубов што вирее во мене . Негледам причина , затоа што нема…
Но зар не е љубовта безусловна , безпричинска?? Така барем ја дефинираат Философите…

Ранета срна

Ми навираат солзи во очи!

Се чудам како е возможно секогаш да бидам толку близу, а сепак далеку.
Баш во оној миг кога ќе се решам на чекор, се појавува бездна пред мене. Ако до тој момент на чекор од мене стоел некој и ме повикувал да направам чекор, од тој момент, од другата страна на бездната нема никој.
Се чувствувам како да сум одела пеш до врвот на некоја планина. Толку сум изморена, повеќе и немам сила. Конечно стигам на врвот и сум подготвена на уште еден чекор напред, но одеднаш се појавува кратер.
Навистина е болно чувството кога ќе видиш колку напор и сила си вложил, а оној од другата страна не можел ни малку да почека. Да! Бедно е и боли кога пеш и боса го поминуваш истиот пат за назад. Со сите трња и камења, со сите студени ветрови и бури. Срцето ми се кине на парчиња, се обидувам да пресметам уште колку од тоа великодушно срце има останато во мене. Го чекам мигот кога ќе се претвори во камен и нема да чувствува ништо.
И како да не ми се плаче, кога во животот сум изодела пеш до многу врвови и сум била разочарана од фактот дека таму всушност нема никој.

Имам премногу работи да кажам, кои всушност не се лесни за кажување. Работи кои не ми се случиле по моја вина- туку така требало да биде. Треба храброст и трпение….само што изгледа никој го нема за мене. Треба бистар и чист ум, треба искрено срце и поглед кој не осудува- туку сфаќа.

И се ми е така проклето мачно денес! Денес не се трудам!

Заборавив да напомнам….. Признавам! Јас сум онаа девојка која нема среќа да направи чекор и да застане до некој. Јас сум онаа која од страна изгледа како се’ да и е совршено- но, не и е!

И денес, ми треба некој со кој ќе можам да застанам рамо до рамо и да чекорам со ист од. Ми треба некој кој ќе успее да ми го прочита стравот во очите и ќе ме почека, бидејќи иако изгледам како лавица- јас сум ранета срна која има страв во себе.

Незгасната љубов

Колку и да те сакам тоа ќе остане скриено кај мене во срцево.Јас те сакав,те сакам,и ќе те сакам.Сега си само сениште кое ме следи.Сениште од кое јас очајно барам љубов.Трагам по љубов.Помниш:бевме најсреќни вљубени,насмеани..Се се случи за миг.И двајцата се повредивме.Бевме пијани од љубов,толку пијани што и самите незнаевме што зборуваме.Таква ни била судбината,јас и ти.Можеби никогаш заедно не би можеле да бидеме повторно среќни никогаш ама баш никогаш.
И онака сум само обичен патик,кој безвредно минува тука низ времето.Патиник кој нема ништо свое.Патик кој бара нешто,кој бара човек што ќе умее да го сака.Тоа си ти зарем не гледаш.Зарем не помисли еднаш.Зарем не е виде онаа светлина во очите,иако повеќе се гледа тага. Што е со солзите,тие сами си навираат по лицево,лице невино.Детско онака како што го нарекуваше ти.
Се сретнавме случајно,се погледнавме.Два пати – три пати,се беше како некогаш.Насмевката.Љубовта сеуште живее меѓу нас.Но судбина било јас и ти да не бидеме заедно,можеби некогаш заедно на небото.
Знаеш,јас сум само обичен човек,што живее обичен живот.Моето име ќе биде наскоро заборавно,но јас љубев со цело срце,и тоа за мене секогаш беше доволно!

Судбината на една љубов…

Беше млада. Животот беше пред неа, но таа не придаваше големо внимание на тоа. Тапкаше во место. Несакаше ништо ново, спомените не и дозволуваа да направи нов чекор . Мислеше дека е доволно јака да го издржи и ова, но неможеше, се предаде . Неговите зборови се забодуваа во нејзиното срце, толку силно како убоди од нож. Се парчеше срцето, се привикна на болката, повеќе не се радуваше на новото утро, на сонцето, на птиците , сега се радуваше на дождот  бидејќи  само тогаш можеше слободно да ги пролева своите солзи  без никој да примети . Надеж нема, само раните што се отвараа на срцето беа се поголеми и поголеми… Знаеше дека залудно се труди бидејќи сфати дека љубовта исчезнала. Несмееше да се навраќа на таа улица, на тоа место бидејќи освен болка и солзи во очите немаше да и донесе ништо ново. Ја изгуби волјата за живот, размислуваше за работи кои би ја довеле на прагот на смртта, но не се плашеше. За прв пат не се плашеше од смрта,толку желно ја чекаше. Сакаше да го извади своето срце и да го фрли толку далеку да не чувствува ништо повеќе, никогаш да не се заљуби. Но тоа не беше така лесно.  Животот си поигра со неа. Судба и било да го изгуби . Да засекогаш го изгуби него, надежта и волјата за живот. Се упати право кон бездната..

Боли..

Неговите очи виножито кријат….Толку се убави,нежни и мили…но и таинствени.Кој знае колку тајни кријат…и колку скршени срца спијат. Доволен е само поглед за да те маѓепса за да те однесе некаде далку,далеку….таму горе на небото.Можеби никој не ни помислил.Тие се  толку нежни и волшебни.Насмевката…онаа насмевка која ме прави најсреќна на свет,повторно е видов…повторно ме врати во живот.Таа е она што мене ме опива..јас,јас сум пијана од љубов..толку многу го сакам.Толку силно сакам да викнам,те сакам.Но,несмееам.А копнеам…копнеам толку силно да викам,па да се слушне толку далеку.Но знам дека твоето срце тоа го слуша ,иако јас не викам гласно.Тоа и без глас,може најубаво да слушне.Те гушнав….во тој миг посакав вечно да траеме ние..сакав во таа прегратка да останам засекогаш.Сакам во таа прегратка да заспијам,и таму да се разбудувам.Секогаш.Го почуствував повторно оној твој мирис,кој ме опијанува….ме опијанува…јас сум пијана…пијана од љубов.Додека те гушкав и стоев покрај тебе срцето ми трепереше…што чинам дека неможеше да го собере веќе таму каде што е.Мислев дека во секој миг ќе излезеше и ќе појдеше таму каде што е твоето.Го бараше твоето,несака веќе да биде само.Сака да биде заедно со твоето.Сака да биде среќно,а тоа може да го постигне само со тебе.Иако знам дека е премногу тешка оваа моја љубов кон тебе….знам дека е забранета…знам дека несмееам,не неможам.Како што поминува времето ме научи дека ќе боли.Ти болиш а јас сум болната.Но јас се обидувам да се навикнам да живеам со таа болка..

Таинствени очи..

Додека ги впивам твоите строги црти на лицето, дoдека ги допирам твоите дланки, ги гледам твоите очи и ги гледам сите твои мечти. Се прашувам дали сум дел од нив?
Што кријат тие таинствени очи? Сакам да седам и само да го набљудувам подигнувањето на твоите гради. Цело издигнување, цело преродување.
Ништо повеќе од тишината не посакувам. Само ти и тишината, заедно прегрнати. Да уживам во мигот, целосно да се сплотам со тебе. А кога ќе почне ново блескање на сонцето? Е, тогаш ќе се родам повторно. Ќе се преродам во тебе, и ќе те молам за една прегратка. И за само еден миг, уште еднаш да видам како сончевиот златен сјај ја бои твојата коса во портокалов изгрев, нов, чист, невин. Нов изгрев на нежноста.

Мој недостиг.

Замина…

Се` тешеше дека е среќна што некогаш ја имала таа љубов. Ја почуватвувала и сега ја чуваше некаде длабоко во себе. Оние погледи од кои се` во неа гореше, оние допири каде трепереше како дете кога се плаши и оние бакнежи кои и го одземаа здивот. Се` држеше до спомените и се` заглавуваше во времето и просторот. Емотивно стагнираше.И беше тоа еднаш. Некогаш одамна. Љубов каква што никогаш не се раѓа. Љубов која ја повреди. Љубов која и ја однесе сета надеж. Љубов која ја направи скептична. Љубов која ја натера никогаш повеќе да не верува во неа. А сега отвори ги очите и заборави. Насмевни се и сети се. Ветерот ќе ја однесе болката. А кругот ќе престане да се врти. Затоа што сети се дека рече дека никогаш нема да замине. А замина….

Далеку од ѕидините на овој проколнат град…

Беше тивка Јануарска ноќ. Студенилото ги беше исплашило сите ноќни суштества и ги натерало да се сокријат длабоко во своите скривници. Маглата се беше симнала толку ниско што и најсовршените очи би имале тешкотија во гледањето.

Моите свикнаа на неа. Чекорев, пред мене гледајќи силуети кои не ги препознавав. А и како би можела да ги препознам, кога беа квалитетно обвиткани со дебелата магла. Чекорејќи, забележав силуета различна од сите. Светлината која излегуваше од неа ја правеше различна. Беше машка силуета. Едната рака му беше ставена во џебот од тренерките – разбирливо, се заштитуваше од студот, и моите две беа стуткани во џебовите од капутот, а во другата чуваше цигара. Димот кој што излегуваше од неа не се препознаваше, веднаш се надополнуваше со маглата.

Тој пополека се придвижуваше кон мене. Колку беше поблиску толку беше поубав, посветол, помагичен.

„Здраво“ – ми рече, со оној негов препознатлив глас во кој се препознаваше и болка, и љубов, и копнеж, и желба, и страст и милост.

„Здраво“ – возвратив јас. Се гледавме директно во очи…

Потоа почнавме да зборуваме за теми кои немаа некои поврзни точки со нашите емоции. Можеби тоа го правевме плашејќи се од реалноста која не опкружува, а можеби го правевме поради што и немаше што да се зборува за нашите емоции. Очите зборуваа низ тишината и кажуваа сѐ.

Помина долго време во кое само се обидувавме да сврзиме тема, и секој збор не наведуваше да се вратиме во минатото, каде сѐ беше во друга боја, каде сѐ одеше во наша полза. Секој збор не враќаше во времето пред да го направам јас мојот прв погрешен избор и пред да фрлам сѐ во вода, заедно со гордоста.

Потоа незнам што се случи. Едноставно почуствував дека моите раце го обвиткуваат неговото тело, а мојата глава се лоцира врз неговите гради. Тој беше повисок од мене. Не ме прегрнуваше со рацете бидејќи и двете му беа

поставени во џебовите, но брадата ја прцврсти врз мојата глава. Како да сакаше да ме прегрне со неа. Подоцна и дозволи на едната рака да ја обвие мојата половина, неколку секунди подоцна и со двете раце ме припиваше кон себе. Нежно, како да сум пеперутка која ќе се скрши во неговите прегратки, а подоцна силно, како да сум птица која ќе одлета ако не ја притисне што поцврсто кон себе.

Магијата престана кога ги слушнав зборовите „Ова неможе да се повтори. Мојата гордост е она што нема да го прегазам. Извини Марија, тоа е она што можам, односно единственото нешто што можам да ти го кажам. Извини. Но не очајувај, можеби јас и ти ќе успееме некаде, далеку од ѕидините на овој проколнат град.“

Страв…

Средина на работната недела. Пешачам по твојата улица и мислам на тебе. Го осеќам ладниот воздух во нозете, студот ми навлезе во коските, трепките ми се лепеа од ладното. Морници ми поминуваат низ телото. Секогаш, ама баш секога кога се навраќам на старото место.Празни погледи насекаде.

Се осеќам многу исполнето,но истовремено и многу тажно. Далечината си го прави своето. Го земам телефонот во раце Осеќам страв,дали од темнината или од зборовите твои што ќе бидат кажани. Застанувам точно пред твојата врата. Блиску до прозорецот на твојата соба, каде што спиеш ти,или можеби не си дома. Солзите навираа на моите очи.

Толку си блиску до мене , а сепак толку далеку-промрморев.

Времето минуваше,точно е 03:07. Едвај го пишав твојот број , прстите ми беа смрзнати.eye_cry

Не , неможам да го направам тоа. Немам храброст.

Погледот не го тргам од прозорецот. Се присетувам на спомените. На деновите поминати по оваа улица,во оваа куќа , во овој двор.

Солзите не запираа. Студот го осеќав се повеќе и повеќе…

Шалот не успеваше да ме заштити.

Единствен лек беше твојата прегратка, која стравот не успеа да го направам тоа, да ти се јавам.

Состојбата ми се влошуваше,сакав да останам уште, но се плашев да не ме најдеш  како смрзнато кученце пред вратата кое чекало за корка леб.

Тргнав за назад.

Немав кислород…Чекорев бавно, солзите го квасеа моето лице. Се вртев постојано назад,но се беше исто.

Празни и темни улици, и од време на време по некое завивање на кучината.

Се вратив во мојата соба,легнав и размислував за мојата храброст …

Кога само би ја имала …