Archive | November 2012

Тажно умирам во себе…

Лежам во креветот.                                                                                   

Солзите една по една го квасат јастукот.

Тажно умирам во себе…

Душата ми е мртва,а срцето молеше за малку кислород.

Но кислород нема…

Во тагата кислород за срцето нема!!

И тоа како и душата ќе умре…го знам тоа…само можеби се лажам себеси со надежта деkа барем срцето ќе преживее.

Но што ќе ми е срце без душа?? Ни сама незнам…

Ах,пак таа болка…

Ми се сече срцето на милион делчиња.

Каде ли ќе одат тие ?!?!?

Нека ги земе некој,неможам повеќе, ме сечат одвнатре,ме убиваат!!

Ги пишувам овие редови и ја чекам смртта…

Во мојава соба е само мајка ми..Таа спие..Или така мислам..

Знам дека знае како ми е ,но неможе ништо да направи.

Мислам дека ова е мојата најлоша ноќ.

И тука запирам , неможам повеќе.

Мамо знам дека ова ќе го прочиташ.

Ако некогаш не се разбудам ,немој да жалиш што ме немаш.

Радувај се на тоа што ти го нуди животот,а ако пак некогаш имаш ќерка,немој да и го даваш моето име…

Јас бев несреќна , нека не биде и таа…

И да , на мојот сакан не му дозволувај да ме заборави..

Не сакам да ме заборави.

Бакни го и кажи му дека ќе се сретнеме во вечноста!!

А сега заспивам,без да знам дали ќе се разбудам.

Па нели никој незнае што не чека утре?!?!?

Сон…

Те сонував.

Ах,колку беше убаво.

Бевме како тогаш,тогаш кога бевме среќни,најсреќни,заљубени,неразделиви.

Гушнати.

Припиени еден во друг ,шетавме по некоја патека која немаше крај.

Толку цврсто ме држеше за рака што мислеше дека  ќе заминам.

Но јас бев тука.Несакав ни да помислам да одам некаде.

А кој би сакал?!? Кога твојата прегратка е толку топла,нежна полна со љубов.

Од твојата медна уста слушав ,јас и ти сме едно,дишиме во едн,јас и ти просто неможеме еден без друг.

Да мил мој,те сакам,ќе те сакам засекогаш-со овие зборови ти возвратив.

Беше толку реално,што кога се разбудив и погледнав не верував дека сум сонувала.

Тоа беше само сон.

Сон за кој мечтаам.

Несакам да го сонувам повторно ова , сакам да го доживеам тој сон!!!

 

 

 

Есен…

Типичен есенски ден.

Капки на прозорците,последица на ова годишно време.

Растрчани луѓе,гужва на сите страни. Се слушаат само свирките на колите.

Општ хаос низ улиците.

Го мразам ова време.Ме потсеќа на тебе. На разделбата.

Ги затворив очите, посакав да го оживеам сонот.
Посакав да ги извлечам сето она што го имам во мислите и да го довлечкам овде, во реалноста.

Од една страна се осеќам исполнето кога врне.Чекорам гордо без никој да примети како солзите заедно со дождот ми го квасат лицето.

Единствено тогаш можам да плачам без да бидам забележана од другите.

До кога би издржала вака?
Нова зима, старата не се враќа. Проклетство, тоа беше убаво време.

Ннавистина згрешив.
Не ми дозволи, сè пробував на многу начини да те вратам.
Некаде грешам.

Не можам да зборувам, а сега одвај и дишам…

Сè ме потсеќа на тебе… Оваа соба,плишаното мече…

Не можам да не плачам… не можам да го чувам во себе…

И не можам да издржам, не можам…

Ми требаш…

Само ти ми требаш… И ништо друго…

Не ми треба ништо повеќе на светот… Со тебе имам сè… А сега немам ништо… само неколку изгорени филтери од цигара, празна чаша од кафе, моите солзи и мојата болка…

И само на моменти насмевка на моето лице кога добивам порака од тебе… Тие неколку секунди додека ја читам, се моментите за кои живеам сега… И ќе живеам за нив додека не се вратиш назад… И тогаш повторно ќе имам сè… Среќа… Радост… Насмевка… СЕ!!!

 

Надеж!?!

Повторно детскиот џагор на улицата.

Монотоност.

Се трудеше но неможеше.Неможеше да има насмевка на лицето,тешко и одеше.

Со среќата игаа криенка.Не можеа никако да се најдат.

Посакуваше да застане пред него,да застане цврсто пред него и да му каже неколку збора.

Постојано голташе кнедли,која од која поголеми.

Често поминуваше покрај неговата куќа,се навраќаше на спомените.

Се надеваше дека еден ден ќе може да влезе повторно во тој топол дом исполнет со љубов.

Но тоа е само надеж!

Секој ден се будеше со истата помисла,дека тој ден ќе и се јави.

Го чекаше денот за да се сретнат,само за тоа живееше.

Секој ден солзите се тркалаа по нејзиното лице како есенски дожд.

Немаше ден да не помисли на него.

Најтешки и беа ноќите.

Надежта не ја изгуби,од време на време и беше се помала но сепак постоеше.

Таа живее  за тој ден, таа живее во свет полн со надеж!

 

Беше сама…

Еден ден. Една ноќ. Едно утро. Една вечер. Не го оставаше да зборува, го голташе со погледи, го чувствуваше директно на неа и на бесконечна далечина. Ниту таа самата не веруваше во она што не и даваше да остане на земја. Понекогаш, очите и беа затворени, и таа веќе беше отишла некаде далеку, некаде многу далеку. Трагаше по нешто, по него. Душата и беше високо во облаци, беше ставена на крилја на некоја чудна слобода, а со очите обвиени во црно и усните зацрвенети што од црвилото, што од бакнежите, беше со гордоста во раце и железниот кафез околу неа.

Љубовта и затече низ крвта пребрзо, како да беше отруена од некој јак отров што ги гризеше и железните ѕидови околу неа, ја гризеше и неа. И почна да боли, да боли толку силно што ниту еден врисок не можеше да биде утеха, ниту една солза не ја олеснуваше болката. Почнуваше да умира одвнатре, беше опиена од миризбата на отровните бакнежи, беше отруена од отровите наречени чувства.

Беше потполно сама.Немаше кој да ја поддржи.Сите оставаа да одлучи сама.Никој не застана пред неа и не и рече не оди по тој пат.

Солзите почнуваа да горат како најсилни киселини. Ништо повеќе не можеше да се издржи. Беше оставена на милост и немилост на    нечии зборови, нечии прегратки, нечии чувства, нечии бакнежи. И чекаше, некогаш беспомошно, некогаш силно. Молеше, за оковите околу нејзиното срце, молеше, ги сакаше назад.

Секоја минута голташе по една од кнедлите коишто ѝ стоеа в грло, беше тивка, со раскрвавено срце, една огромна рана и малку надеж. Но, ништо од тоа повеќе не беше важно, важно беше тоа што таа го сакаше, таа го сакаше него. Колку што го сакаше, толку и го мразеше, стоеше на средина, помеѓу темната и светлата негова страна, и остана таму, но остана посилна од секогаш, на самата граница, без него

Заборави ?

Дали можеше да заборавиш

дека твојата рака некогаш во мојата мируваше,

и дека неизмерна радост од твојата рака во мојата,

од моите усни се прелеа на твоите,

и дека твојата руса коса цела една пролет кратка

беше наметка од среќа за мојата љубов,

и дека овој свет,

некогаш распеан и мирисен,

сега е сив и уморен,

без љубовни бури и нашите лудости мали?

Злото што го чиниме еден на друг времето го брише,

а срцето заборава: остануваат само часовите исполнети со среќа, во нас е нивниот сјај.

Те сакам…

Понекогаш си мислам дека јас тебе не те заслужувам, а не ти мене. Оние луѓе кои знаат и можат да простат за мене се големи луѓе, а и ти си еден од тие. Не знам како можев да го направам тоа што го направив, но знам дека со тоа сватив колку ме сакаш и колку те сакам.Знам дека сега ти е тешко да ми веруваш, но јас ќе ја вратам довербата. Ќе бидеме пак како што бевме некогаш. Можеби нема да биде лесно да го поминеме оваа, но сме поминале се па зошто да не и ова?Да ти речам благодарам, заслужуваш повеќе.
Ќе пронајдам збор, а дотогаш, ти благодарам за безрезервната поддршка, упорност и истрајност.
За сите пати кога пред да се сопнам, ги тргаш камчињата од патот.
За сите пати кога ми кажуваш дека насмеана сум ти поубава.
И тогаш кога издишувам, ми ја знаеш маката.Неможам да те преболам.Дури во сон посегнувам по тебе.И пеам на тишината низ отворени очи.Дај ми барем еден знак, барем една причина да се борам за тебе..
Дај ми мала надеж дека уште ги мислиш тие зборови што ми ги кажа, дека барем на минута се присетуваш на се што сме доживеале..Дека помислуваш барем на секунда на мене и се прашуваш како сум..
Доволна ми е една најмала причина да знам дека уште ти сум под кожата.. како што ми рече…
Држи го тој возбуден благо насмевнат израз на лицето секогаш кога ке ме видиш,
тоа ме одржува во живот..Живеејки со помислата дека можеби никогаш не ме сакаше умирам потајно,
а потоа повторно се тешам помислувајки на твоите постапки.. и пак имам надеж да продолжам да чекорам.
Лошо ми е. Далеку си. Не можам да си помогнам.

И знаеш што?
Да не се случеше тоа што се случи, никогаш немаше да сватам колку вредиш. Никогаш немаше вистински да се борам за тебе и секогаш ќе ги слушав оние кои зборуваа дека не си за мене.
Нашата љубов е вистинска и затоа ќе направам се да продолжиме да се љубиме…Image