” Toj.. “

„И ја заборави ли?“ – ќе го прашаа… а тој ќе го свртеше погледот и ќе се насмевнеше онака иронично.. очите го издаваа, гласот му трепереше и пак остануваше достоен на својата лага.
Во грлото ќе му застанеше нејзиното име, и ќе ги стегнеше вилиците додека низ заби ќе промрмореше дека не се ни сеќава за која го прашуваат.
Не беше тој човек кој е роб на своите емоции, не беше човек кој го слушаше своето срце..
секогаш неговото его беше она посилното, похраброто кое го затвораше во занданите на тврдоглавоста.
И така ја остави неа, ладнокрвно си замина.. ја пропушти од рацете а ја имаше како капка вода во дланката, беше само негова.. смртно потпишана.. и тој ја исфрли, туку така.. ја оттурна од себе за да ја заборави, зошто знаеше дека љубовта спрема неа му излегуваше од контрола.. а тој не беше човек кој сакаше да љуби, да биде заљубен.
А имаа се.. имаа свет кој сами го создадоа, свет од соништа и желби.. свет во кој не им требаше никој и ништо за да бидат среќни, иако другите ги осудуваа.. тие имаа љубов.
Беа како сонце и дожд, и заедно го правеа виножитото.
Но не… тој не сакаше да биде дел од тој свет, не сакаше да биде дел од нејзиното небо..
Отиде и уништи се, се што заедно создадоа.. и продолжи онаму од каде што застана.
Ја уништи приказната за нив, ја избриша неа иако никогаш не успеа да ја избриши од срцето..
И ќе ја видеше некаде и ќе преминеше на другата страна за да избегне нивните лица да се сретнат.. да погледне пак во нејзините очи и да го тргне погледот, зошто знаеше дека тие ќе го издадат, тој никогаш не ја заборави и затоа бегаше од се..
знаеше дека може да ги излаже другите, да се излаже и себеси.. но неа не!

Leave a comment