Ми треба(ш)…

Нема зборови со кои би ја опишала празнинава што ја чувствувам во срцево. Се чувствувам осамено. Кога замина, понесе дел од мене.

Долго време се немам почувствувано среќно, сигурно во нечија прегратка.

Ми треба човек со кој ќе можам да водам разговор без да сетам кога поминало времето, со кој ќе можам да разговарам на секоја тема без да ми биде незгодно.

Ми треба некој кој неочекувано од зад грб ќе ме прегрне  и ќе ми каже ТЕ САКАМ, да се осетам дека сум најсаканa…некој што ќе знае во мигот кога сум тажна да ме потсети дека не сум сама и ми подари роза за да ми докаже дека љубовта никогаш незгаснува…

Некој што ќе се однесува исто кога е со мене и кога е со неговите другари, а не постојано да менува маски.

Ми треба некој што ќе ме гледа и  како најдобра другарка ,а не само како девојка, со која има обврска да излегува.

Ми треба некој што ќе ме разбира и почитува пред се,ми треба некој што никогаш нема да дозволи да се расплачам.Или кога ќе се заплачам веднаш ќе ја види првата солза ,ќе ја избрише втората,и ќе ја запре третата.

Ми треба некој , кој навечер ќе ме разбуди со  порака на телефон која гласи ‘‘Јас сум тука,излези на кратко да те видам ‘‘

Ми треба некој за кого ќе живеам. Некој на кој во очите ќе му се познава дека ме сака.

Mи треба некој кој секогаш ќе ме ислушува до крај. Некој кој во секое време ќе биде тука за мене.

Некој што ќе ме сака онаква каква што сум.

А зошто го пишувам сето ова кога можев во една рееченица да кажам дека едноставно ми треба тој?!?

–          Пријателе сврти се,погледни ја , види ја убавината во нејзината душа, и нејзиниот мил поглед полн со љубов. Стави ја раката и почувствувај го нејзиното мало срце кое чука само за тебе,и дозволи и да биде повторно ‘’ твоја малечка’’…

Leave a comment