“Не постои заборав”

Заборав? Што е тоа? Во мојов вокабулар никогаш не постоел таков збор,а во моево срце не постои back up опција па да избришам се што има во него.
Не постои алтернатива-ќе го помнам секогаш. Секоја прегратка што некогаш ми ја подарил засекогаш ќе остане запишана во мојата кожа. Секој бакнеж свиен на моите усни ќе ме пече се додека сум жива.
Заборав? Зар постои такво нешто? Не,не постои!
Тоа е само уште еден поим-апсурд на општеството. Како можам да ги втурнам во заборав тие очиња кои ме гледаат заносно. Како да ги заборавам магичните мигови изминати со него. Како? Никако. Нема заборав.
Непостои алтернатива-ќе го сакам додека сум жива.
Проклет да е мигот кога го послушав црниот волк во мене. Проклет да биде мигот во кој го истуркав од себе единственото нешто што беше навистина мое.
Знаев-морам да платам,но колку скапо? Дури и премногу. Платив со душата-му ја подарив. Сега сум сиромашна. Стојам на подот питајќи за ронка љубов, и дозволувам да ме газат. Дождови се слеваат по моето лице,силуети минуваат и се исмеваат со мене.
Цвет сум-веќе овенувам. Листовите ми паѓаат и врз нив се слеваат безброј чекори,калливи од дождот.
Ме валкаат,ме уништуваат…
Заборав? Не…нема да го заборавам.Само молам дождот да измие се од мене,грешките и зборовите кажани,болката и уништувањето.Нека дождов ги врати неговите бакнежи,прегратки и неговото битие.
Сакам се да биде како некогаш…

Leave a comment