Исповед

Некогаш чувствувам како никој да не ме разбира. Всушност секогаш е така. А како не би било кога се случува некогаш и сама да не се разберам. Се гледам во огледалото ,ги гледам солзите како течат по моето лице и не можам да се сетам од каде доаѓаат , а ни каде одат. Тажна сум. Во мене владеат урагани веќе долго време. Би можела да се заколнам дека нема ни еден здрав орган во мене . Се е нагризано. Се е заразено. Оваа љубов -најубавото и највистинското нешто што сум го почувствувала во сиот мој живот , пополека ме убива . Овие канџи кои ме држат во место и не ми дозволуваат да итам со времето ми ја цицаат силата. Веќе и немам сила да им се протиставам . Одамна ми стана јасно дека никогаш нема да се ослободам. Оваа љубов ќе гори во мене се додека гори факелот на мојот живот .. Ќе живеам, ќе плачам и пополека ќе умирам, но секој мој здив ќе биде испуштен од љубов кон него.  Знам . Нема да ме разберат – ни јас не се разбирам. Ниту тие ќе видат , ниту јас гледам една единствена причина за оваа љубов што вирее во мене . Негледам причина , затоа што нема…
Но зар не е љубовта безусловна , безпричинска?? Така барем ја дефинираат Философите…

Leave a comment