Љубовна опивка

Се почувствува сигурно. За прв пат по долго време се почувствува заштитено. Тоа беше денот кога неговите усни се запечатија на нејзиното чело,тогаш почувствува пеперутки во стомакот,нејзината крв почна да тече мирно. Магичен,таков беше мигот. Ги слушна сите светски камбани во тој момент.
Колку сакаше повторно да го почувствува истото нешто. Бар само уште еднаш.

–  ” Нека неговите раце повторно ме обвијат,нека ме спои повторно со себе. Нека ме бакне повторно. Се колнам. Во мигот моето име ќе биде Среќа.” – постојано повторуваше.
Во нејзините вени нема да тече крв,туку љубовна опивка.
Се колнеше. Во ноќите темни сонот го бркаше и за него се молеше. Нејзините молитви го имаат неговото име. Се молеше за нивната среќа. Погледот и е насочен кон небото,а мислите кон него. Го сакаше повторно до неа. Се колнеше дека тоа  е сѐ што сака..
Се обрати со тажен глас и солзи во очите – ‘”А денот,денот кога ова ќе стане реалност,јас свеќа ќе запалам и со рака на срце пред бога ќе се заколнам дека за негова среќа ќе живеам , и за неговите усни споени со моето чело ќе дишам..”

Leave a comment