“Последната ноќ”

Што го тера човекот да се двоуми? Што го тера да зачекори или да се врати назад? Што го тера да се замисли? Знае ли што го чека и што би пропуштил? Не знаеше ова срце. Оваа душа. Незнаеше што внесе во крвта. Со што ги извалка чистите солзи. Незнаеше каде стапна. Ова срце што сега гори. Да вредеше ликот негов да ја однесе сета надеж ке паѓаше дожд од насмевки и среќни солзи. И во онаа ноќ темна и мелодија тапа, тивка а толку гласна и една мисла, една надеж…Безвреден врз неа стапна. Да можеше сонот да стане јаве, и сето каење што на душата тежи решение да беше. Сите камење да беа бакнежи. Сите стапици да беа прегратки. Да не беше трн љубовта. ВО сите соништа беше таа. Во секој сон беше тој. И секој нов чекор полн со надеж беше уште еден дел од скршеното срце. Светлина. Светлината спречи да се види она што го покажа оваа темна ноќ. Последната ноќ. Да се каже на некој јазик непознат. Ова срце разбра. Да се шепоти наместо да се зборува. Оваа душа слушна. Беа зборови тешки ко камења. Вистина што неа ја уби. Потона во своето каење. Гледајќи ја црната штикла, оној црн фустан, она што ќе беше. Помина. Она што се случи. И сите туѓи сонови, сите слични реченици, сите мисли розови, сета надеж. Замина. Кога часовникот отчука, помина магијата, умре надежта, умре љубовта. И секоја солза што ке падне ке биде за ништо, заборавена…Сите сонови и планови, во некоја фиока празна. Во сите нови реченици ја виде вистината, ја виде тагата и ова срце скшено на милиони бараше причина да не прочита, да не разбере. Веќе знаеше…..Последната ноќ. Сега во голема врева, таа слушаше тишина. Не заспа, будна остана. Чекаше да слушне барем уште една невистина. Уште една лага. Ги слушаше стрелките на часовникот. Времето што сакаше да го запре. Денот што не сакаше да дојде. Зборовите што ги слушаше а не сакаше да ги чуе. Ова срце знаеше. И последното парче. Ова срце сакаше и скапо плати. Ова срце веруваше и се скрши. Ова срце се надеваше и се изгуби. Некаде помегу ликот негов, сите пријателски лица, фустанот, гласната музика, звукот на црните штикли, мирис на парфем, таму некаде во сите тие сенки и светла ја виде единствената рамка. Во неа стоеше отсуството на Последната ноќ!!

Leave a comment