” Почеток на нова ера “

Никогаш не се вратила толку доцна. Веќе воздухот почна да мириса на роса и да се гаси уличното светло, ама нејзе тоа не и беше важно. Пред да заврши стариот ден, започна новиот и се се одвиваше така молскавично. На оваа плански градена девојка, деновите и зависеа од моќта на непредвидливоста. Влезе дома на прсти, никој да не ја чуе…не заради прекор или замерка…заради навиката секогаш се да е на свое место без никакво несогласување со времето и просторот. Тоа несогласување вечерта беше големо. Седна на креветот така дотерана и без никакво психичко присуство во реалноста одлета низ миговите во кои беше физички присутна пред малку. На памет не и падна да се соблече, да ја извади шминката или да ја расплете косата, вечерта блескаше и сакаше да остане засекогаш таква. Нејзините мисли сега се занимаваа со нешто многу поважно од тоа дека целиот живот и се преврте наопаку или дека почна да ги занемарува секојдневните обврски. Тоа што ги запостави сите и се околу неа не можеше да заземе толкаво место во неа како што тоа го правеше тој. Самата беше свесна дека целосно ја измести од сите граници кои си ги беше поставила, но од друга страна…таа токму тоа го посакуваше. Оваа вечер го достигнаа врвот, едвај разменија по некој ред ,а толку добро се разбираа. Се оддадоа целосно, барем таа. Ноќта ќе беше греота да се помине во спиење. Мечтаењето беше послатко. Беа одделени можеби едвај пола час, а низ нејзинита глава се кроеше план за она што следи. Кога ќе се сретнат ? Koга ќе го види? Кога ќе ја осети неговата прегратка?  Незнаеше…незнаеше што ја чека утре..Себеси се измачуваше со мисли и цели кои нему не му значеа ништо.  Сепак тоа е  љубов. И оваа ноќ ја помина така. Свесна , а со него -сонувајќи за него.

” Збогум ‘‘

Ова ми е најтешката ноќ до сега. Осеќам голема празнина, се чувствувам осамено.
Испомешани чувства на тага, болка ,љубов…
Зошто мора животов да е ваков? До кога со овие падови,до кога?!? Ја палам последната цигара од паклото, и  гледам во ѕвездите,гледам и си мислам…под ова небо се се наоѓа тој-далеку од мене,се наоѓаат многу среќни парови, а има и такви како мене-осамени,кои се надеваат на подобро утре, а тоа подобро утре никако да дојде во мојов живот. Зарем никогаш нема да бидам и јас меѓу тие среќни парови кои мислат само на љубовта меѓу нив?!? Не , нема, ја немаш ти таа среќа,чуден глас одвнатре ми го изговори ова.. Солзите една по една ми го квасеа лицето,мислев дека можам, да се воздржам но некогаш тоа е посилно од тебе..
А тој?? Зарем тој никогаш не помисли дека  навистина се каам и сакам да го вратам?? Или сепак му беше сеедно?!?
Ја знаеше мојата болка и покрај тоа не попушти. Постојано велеше ‘‘ Знам како ти е , и мене ми беше исто ‘‘. Зарем да знаеше како боли ќе ме оставеше вака да патам?!?! Очигледно му беше сеедно , имаше можност да биде со која ќе посака, а мојата љубов немаше никакво значење за него.
Несакаше да ме сослуша до крај,несакаше да верува во моите  зборови и покрај се што направив за него, имаше зацртано во мозокот нешто друго, гордоста ја стави пред мен , барем така тврдеше.Истовремено не сакаше да ме повреди,ми даваше надеж а истиот момент ми ја земаше. Што му беше толку тешко да ме прегрне , да ме направи да се почувствувам среќна?!?  Зошто не ми дозволуваше да останам во негова близина повеќе време,секогаш наоѓаше некакви изговори  за да си замине..   И после  се сѐ надевав,давав се од себе, но залудно. Болката ме уништуваше , ме правеше се послаба и послаба. Постојано во мојава глава се вртеа реченици што сум сигурна дека ќе ги изговори тој,знам дека кога тогаш ќе изговори ‘‘ Не успеавме ние,неможеме ни да успееме, засекогаш ќе останеш длабоко закопана во моето срце,секогаш ќе се сеќавам на тебе,,
Несакам да помислам дека  некогаш  ќе се заљубам повторно,не сакам,се плашам од оваа болка.
Сепак се надевам дека  еден ден ќе го сретнам, и со еден поглед,со еден збор ќе ја заживееме љубовта што ја имавме, повторно ќе бидеме она што некогаш бевме..
Нашите сонови ќе станат јаве, заедно ќе одиме да живееме далеку од сите,ќе одиме на настапот од Владо Јаневски, нашата љубов засекогаш ќе живее..
А сега збогум љубов моја,биди тоа што си… Твојата желба беше таква,неможам да одам против тоа..
Засекогаш ќе останеш во моето срце…
Те сака , твојата малечка …

” Toj.. “

„И ја заборави ли?“ – ќе го прашаа… а тој ќе го свртеше погледот и ќе се насмевнеше онака иронично.. очите го издаваа, гласот му трепереше и пак остануваше достоен на својата лага.
Во грлото ќе му застанеше нејзиното име, и ќе ги стегнеше вилиците додека низ заби ќе промрмореше дека не се ни сеќава за која го прашуваат.
Не беше тој човек кој е роб на своите емоции, не беше човек кој го слушаше своето срце..
секогаш неговото его беше она посилното, похраброто кое го затвораше во занданите на тврдоглавоста.
И така ја остави неа, ладнокрвно си замина.. ја пропушти од рацете а ја имаше како капка вода во дланката, беше само негова.. смртно потпишана.. и тој ја исфрли, туку така.. ја оттурна од себе за да ја заборави, зошто знаеше дека љубовта спрема неа му излегуваше од контрола.. а тој не беше човек кој сакаше да љуби, да биде заљубен.
А имаа се.. имаа свет кој сами го создадоа, свет од соништа и желби.. свет во кој не им требаше никој и ништо за да бидат среќни, иако другите ги осудуваа.. тие имаа љубов.
Беа како сонце и дожд, и заедно го правеа виножитото.
Но не… тој не сакаше да биде дел од тој свет, не сакаше да биде дел од нејзиното небо..
Отиде и уништи се, се што заедно создадоа.. и продолжи онаму од каде што застана.
Ја уништи приказната за нив, ја избриша неа иако никогаш не успеа да ја избриши од срцето..
И ќе ја видеше некаде и ќе преминеше на другата страна за да избегне нивните лица да се сретнат.. да погледне пак во нејзините очи и да го тргне погледот, зошто знаеше дека тие ќе го издадат, тој никогаш не ја заборави и затоа бегаше од се..
знаеше дека може да ги излаже другите, да се излаже и себеси.. но неа не!

‘‘ Погледни во што ја претвори ‘‘

Се сеќаваш ли на малата девојка на аголот од уличката, која те чекаше во доцните часови со немир и копнеж.. се сеќаваш ли на нејзиниот невин поглед и весел глас кој секогаш те засмеваше.. Се сеќаваш ли на нејзината прегратка која беше твое засолниште додека ти се враќаше од илјадндиците кои те извисиле..
Ја паметиш ли нејзината мила насмевка кога од далеку ќе те видеше како доаѓаш ..
го паметиш ли вкусот на нејзините бакнежи? Тоа беше вкусот на љубовта..
Ти беше причината за нејзината среќа, причината поради која таа не гледаше никого пред себе.. причината поради која остануваше будна во ноќта чекајки да заѕвони телефонот и да го чуе твојот глас додека ти ги валкаше рацете со оние кои не вредат..
Причината поради која заспиваше на мокра перница а утрото кога ке те видеше забораваше на се и повторно ти се враќаше.
Твојата малечка..  ја научи искрено да сака.. а потоа ја остави
таа ти даде се, ти го предаде срцето на дланка..
ти даде се што имаше во него, љубов, утеха,надеж, соништа..
А што и даде ти?
Што и остави ти освен што и го врати срцето раскинато на илјада парчиња?
што направи за неа освен што и ја распара душата, и и ги уништи соништата..?
Погледни ја сега…
твојата малечка…
Во нејзините очи ја нема невиноста, сега гори бесот и омразата..
го нема веќе тој милозвучен глас, горчината ја опила..
во нејзината душа се закотвил студот..
Веќе ништо не може да продре до нејзиното срце,
стана нескршлива.
Погледни во што ја претвори, ја направи како тебе…
твоја копија..
но многу по сурова!

Ми треба(ш)…

Нема зборови со кои би ја опишала празнинава што ја чувствувам во срцево. Се чувствувам осамено. Кога замина, понесе дел од мене.

Долго време се немам почувствувано среќно, сигурно во нечија прегратка.

Ми треба човек со кој ќе можам да водам разговор без да сетам кога поминало времето, со кој ќе можам да разговарам на секоја тема без да ми биде незгодно.

Ми треба некој кој неочекувано од зад грб ќе ме прегрне  и ќе ми каже ТЕ САКАМ, да се осетам дека сум најсаканa…некој што ќе знае во мигот кога сум тажна да ме потсети дека не сум сама и ми подари роза за да ми докаже дека љубовта никогаш незгаснува…

Некој што ќе се однесува исто кога е со мене и кога е со неговите другари, а не постојано да менува маски.

Ми треба некој што ќе ме гледа и  како најдобра другарка ,а не само како девојка, со која има обврска да излегува.

Ми треба некој што ќе ме разбира и почитува пред се,ми треба некој што никогаш нема да дозволи да се расплачам.Или кога ќе се заплачам веднаш ќе ја види првата солза ,ќе ја избрише втората,и ќе ја запре третата.

Ми треба некој , кој навечер ќе ме разбуди со  порака на телефон која гласи ‘‘Јас сум тука,излези на кратко да те видам ‘‘

Ми треба некој за кого ќе живеам. Некој на кој во очите ќе му се познава дека ме сака.

Mи треба некој кој секогаш ќе ме ислушува до крај. Некој кој во секое време ќе биде тука за мене.

Некој што ќе ме сака онаква каква што сум.

А зошто го пишувам сето ова кога можев во една рееченица да кажам дека едноставно ми треба тој?!?

–          Пријателе сврти се,погледни ја , види ја убавината во нејзината душа, и нејзиниот мил поглед полн со љубов. Стави ја раката и почувствувај го нејзиното мало срце кое чука само за тебе,и дозволи и да биде повторно ‘’ твоја малечка’’…

“Исчезна ли и љубовта со него?!?”

Џарејќи се во празнината, не чуствуваше ништо, освен топлите солзи кои течеа по нејзините образи. Го слушаше само нејзиното пригушено дишење. Немаше сила, ниту пак желба да се подмрдне од својот кревет. Сакаше таму да остане и да заспие и никогаш повеќе да не се разбуди. Беше уморна. Уморна од се. Уморна од горката судбина. Како да беше празна, како да немаше ништо во неа. Ја чуствуваше онаа ужасна празнина, осаменост која е тераше да вика, да вика, да вика но би било попусто. Никој не би ја чул. Никој не би го чул нејзиното молење за помош. И требаше само една прегратка. Но не било чија прегратка. И требаше неговата прегратка. Неговите прегратки беа посебни. Кога ќе ја прегрнеше, се чуствуваше толку сигурно, заштитено, толку посакувано. И требаше бакнежот во чело.Повторно почнаа да ја прогонуваат оние слики во нејзиниот ум. Оние моменти, оние сеќавања. Се досети на оние времиња кога беше среќна, а сега дури незнаеше ни што е тоа среќа. Се досети на оние времиња кога незнаеше за солза, за болка, за тага. И недостигаше тоа. И недостигаа тие времиња. Го сакаше тоа назад, а знаеше дека сепак неможе да го добие тоа. Се исправи. Застана на нозе. Полека се доближи до огледалото. Што беше тоа во одразот на огледалото? Која беше таа личност? Која беше таа личност низ чии очи можеше да се види само бескрајна болка? Која беше таа личност чии лице беше толку бледо што изгледаше мртво? Неможеше да го гледа она бедно суштество кое стоеше таму. Се сврте и погледна низ прозорецот. Сакаше да излезе малку и да ги тргне оние црни мисли. Без никакво двоумење излезе надвор. Само темни облаци. Стоеше боса на ладниот мермер и сонливо ги гледаше облаците. Наеднаш почуствува капки дожд по своето разголено тело. Тоа беше тоа што го чекаше. Дождот. Го чекаше дождот. Нејзините усни полека се раздалечија и за прв пат се насмевна. За прв пат почуствува нешто. Се почуствува жива. Се присети на нивните  игри низ дождот. Срцето ја стегна. Нејзината насмевка за миг ја снема. Повторно почна да плаче како дете. Повторно ја обзеде она сивило.

Тргна на кај него. Повторно се наврати  на старото место. Се беш исто,месечината,ѕвездите,лаењето на кучињата..

Јасно и беше. Примети и сама. Стана безчувствителен. Никогаш не бил толку ладен. Љубовта повеќе не му значеше ништо. Ја отфрли од себе. Ја сметаше за туѓинец. Повеќе не му значеа моментите поминати покрај неа. Не му значеше ништо што правеше за него. Едноставно љубовта изчезна. Се чувствувше како ранета птица,која талкајќи налета на него. Најпрво и ги пресече крилјата – за да неможае никогаш повеќе да лета, а потоа,потоа ја фрли како некоја си безвредна пачавра во контејнер…

Знаеше, дека ќе и остане желба неостварена, ќе остане љубов огромна, платонска. Пак би рекла – живот. Никогаш не се знае до крајот. Можеби некогаш ќе го дочека моментот кога ќе нурне во неговатаа прегратка, ќе го почувствува ритамот на неговото срце што чука за некоја среќничка, ќе го почувствува мирисот на неговата кожа. Бар за момент, кој за неа ќе заврши кога ќе ја испушта и последната воздишка. Никогаш ја немаше прегрнато со љубов,или можеби успеа и не и дозволи да го види тоа , незнаеше , а и нема никогаш да дознае.

Му подаде рака, а тој се правеше дека не ја гледа. Едноставно несакаше да ја прифати . Толку лесно ги изговараше тие зборови. Колку лесно и докажуваше дека сосема мало значење има во неговиот живот,скоро и никакво.

‘‘Како можеше зад себе ги остави очите кои ги бакнуваше,образите кои ги штипкаше,ме остави мене.Како?!? Како толку лесно заборави се?!? Како е можно тоа?!? Зарем ги заборави сите оние прекрасни ноќи‘‘ – Се прашуваше..

Многу сништа останаа неотсонувани ,многу патишта непропатувани,многу страници неиспишувани…

Искрените солзи не му значеа ништо. Душата ја болеше,се собираше како копец,но ни тоа не му беше важно. Важно му беше да биде слободен, среќата да ја пронајде покрај друга. Можеби и таму му беше местото,покрај неа. Во нејзина прегратка.

Посегнуваше по телефонот,сакаше да го види на кратко, но не смееше, тоа беше негова желба,за нејзе заповед. Му вети дека ќе го исполни тоа . Тргна за назад.

Кога стигна дома зеде некои пилули во кои го гледаше спасот,мирот. Без размислување ги голтна. Легна во својата ладна постела и ги затвори очите, и посака повеќе никогаш да не ги отвори…

Што е животот?!?!

Размислуваше деноноќно. Размислуваше за тоа како животот е непредвидлив. Размислуваше за својата болест,за својот живот.

Секогаш гледаше позитивистички на животот,секогаш мислеше дека утрото ќе и донесе повеќе среќа,повеќе среќни моменти. Не се предаваше,одеше секогаш до крај , беше упорна. Сфати дека упорноста секогаш се исплатува – малку по малку.

Но сега единствено и беше важно да најде одговор на прашањето ’’ Зошто животот е толку суров, и непредвидлив?!?? ‘’

Стоејќи така,барајќи одговори кои не можеше да ги најде,знаејќи дека животот е краток, клекна покрај едно големо дрво,да го бара Оној кој секогаш е тука и со солзи во очите се молеше…8888888888

Се молеше за нејзиниот живот,за подобро утро…Се молеше за нејзините неостварени сонови,кои тие беа причина да не се откаже од животот. Тие ја туркаа напред.

Често забораваме што е она што нѐ одржува во живот. Нечија насмевка, допир, подадена рака, комплимент и поддршка. Работите кои ни се случуваат од ненадеж,оставаат голем белег во нас и страв за понатамошно повторување. Со тоа полека ја губиш силата на младешката замаеност и непобедливост, но затоа си ја имаш мудроста и искуството, со кои полека се утешуваш додека останувате сами во гнездото кое некогаш било дом на вашето потомство, а сега остануваат празни гранчиња, сведоци за некогашната детска радост и смеа, солзи и плачки, штрби насмевки и нежни лица.

Денот доаѓа до крај, па така и овој пат кој го нарекуваме живот.

Осуден си да останеш сам како утка, кога таа посебна личност не ќе е повеќе овде за да ги пополни пукнатините кои стануваат се поголеми. Но можеби поради некои конци кои ги влече судбината или пак чисто поради нејзина забава и љубопитност, ти си тој што оставаш пукнатини и празнини во туѓи животи…

Што е животот ? Секој би ти дал различни поими и дефиниции, но тоа се нивни мисли и идеи, не твои. Јас би ти ја кажал мојата:
.

„Животот е како цртеж без гума. Постојано цртаме со моливот на судбината, засенчувајќи со спомените на веќе заборавените времиња, боејќи со боите на заминатите денови и четките на годините. И тогаш, пред самиот крај, во тој миг на совршенство, ги здогледуваш твоите подеми и падови, твоите среќи и тажалки, твоите љубени и изгубени, ја здогледуваш сликата на твојот живот, на тоа што си бил, на тоа што си и тоа што засекогаш ќе останеш во екот на времето што изминува.“

Се чувствувам празно, чувствувам како да сум изгубена во просторот и времето! Чувствувам како да немам со кого да ја споделам болкава, а понекогаш и радоста, како да не доволно тоа што за се вложувам огромен труд. Како да не е доволно тоа што сакам да бидам среќна, како да не е доволно тоа што се обидува да бидам подобра личност, да ги попрвам грешките! Како да не е доволно тоа што помагам, тоа што љубам…
Ниту една песна, без разлика дали е депресивна или забавна не ми помога да се почувствувам повторно среќна. Сите овие насмевки на моето лице се всушност една совршена маска, маска која ја користам за да неморам да објаснувам зошто не сум расположена, за да ме мислат секогаш среќна и задовна од животот, а не скршена и беспомошна како се обидувам да ја навлечам таа маска. На моменти ми заглавува, како да не сака да биде повеќе дел од оваа моја мала драма. Драма наречена живот. Посакувам еден ден да разберам зошто, зошто не ми е дозволено за мала доза на среќа????

Нели е жалосно да згасне брзо животот на една млада девојка.Девојка која е во најубавите години. Девојка која има животна цел,која се стреми кон тоа. Да згасне животот на девојката на која соновите штотуку почнале да и се остваруваат…или сето ова е илузија??!?!

”Дали крајот вака мириса?!? ”

Ноќва мојата душа го напушта моето тело. Се чувствувам осамено, предадено.  Го мирисам крајот. Да, тука е крајот. Со солзи во очите и кнедла во грлото го изговарам ова. Несакам да го прифатам ова , но така е , нема двоумење. Многу работи се сменија,иако долго време несакав да ги прифатам  сепак на секој чекор ме пресретнуваа. Сите работи ми го покажуваат крајот. Кога само ќе се сетам на бакнежот во чело,силната прегратка,ноќите исполнети со смеа ми доаѓа да викам на сиот глас , да ме чујат сите. Но нема смисла,тука сум само јас , и тетратката пред  мене која ги впива солзите како палома. Да можев да го спречам ова , да можев да те гушнам и да поминам уште една ноќ со тебе. Уште една ноќ сигурна во твојата прегратка.

Како преку ноќ да се случија сите овие работи,како преку ноќ се се смени. Незнам ни јас што се случи,а и подобро е да не дознаам. Се огледувам во огледалото… Го нема сјајот во моите очи како некогаш ! Тивок шепот слушам во тишината. „ СОВРШЕНАТА ЉУБОВ ПРАВИ ДА БИДЕШ НЕСРЕЌЕН „ ! … Што ? Нешто имагинарно се обидува ми каже дека јас имам совршена љубов? Не, не.. само халуцинирам. Тоа е поради притисокот кој го врши душата напуштајќи го телото. Милиони стрептококи бацили го лазат моето тело, ладен зној ме облива. Во грлото чувствувам некој камен, камен кој не ми дозволува да ги искажам моите чувства.

Едно исто ми се врти низ глава,дали навистина ова е крајот? Можеби има некој излез? Не,несмее ова да заврши така. Ваква љубов неможе да исчезне,нетреба. Љубов која тешко се наоѓа.

Љубов која ме натера да ги правам работите кои некогаш не ни помислував дека можам да ги направам јас. Љубов која истовремено не прави среќни и тажни,не тера да се смееме а вејќе следнит миг да плачеме. Љубов која траеше со години,која премина секакви пречки преправајќи се дека тоа за неа не е ништо. Љубов која ме смени , ме смени така што сега неможам да се препознаам ни самата,а најмалку да очекувам друг да ме препознае.

Има ли надеж? Искра надеж која ќе ми покаже дека ова не завршува тука.
Има ли надеж со која ќе покажеме дека уште гори оној оган,огнот на љубовта која ни ги грее срцата. Јас и ти имаме да си подариме уште многу љубов.Уште многу прегратки,бакнежи и насмевки.Допрва доаѓа нашето време.Времето во кое ќе бидиме и двајцата среќни…

“Последната ноќ”

Што го тера човекот да се двоуми? Што го тера да зачекори или да се врати назад? Што го тера да се замисли? Знае ли што го чека и што би пропуштил? Не знаеше ова срце. Оваа душа. Незнаеше што внесе во крвта. Со што ги извалка чистите солзи. Незнаеше каде стапна. Ова срце што сега гори. Да вредеше ликот негов да ја однесе сета надеж ке паѓаше дожд од насмевки и среќни солзи. И во онаа ноќ темна и мелодија тапа, тивка а толку гласна и една мисла, една надеж…Безвреден врз неа стапна. Да можеше сонот да стане јаве, и сето каење што на душата тежи решение да беше. Сите камење да беа бакнежи. Сите стапици да беа прегратки. Да не беше трн љубовта. ВО сите соништа беше таа. Во секој сон беше тој. И секој нов чекор полн со надеж беше уште еден дел од скршеното срце. Светлина. Светлината спречи да се види она што го покажа оваа темна ноќ. Последната ноќ. Да се каже на некој јазик непознат. Ова срце разбра. Да се шепоти наместо да се зборува. Оваа душа слушна. Беа зборови тешки ко камења. Вистина што неа ја уби. Потона во своето каење. Гледајќи ја црната штикла, оној црн фустан, она што ќе беше. Помина. Она што се случи. И сите туѓи сонови, сите слични реченици, сите мисли розови, сета надеж. Замина. Кога часовникот отчука, помина магијата, умре надежта, умре љубовта. И секоја солза што ке падне ке биде за ништо, заборавена…Сите сонови и планови, во некоја фиока празна. Во сите нови реченици ја виде вистината, ја виде тагата и ова срце скшено на милиони бараше причина да не прочита, да не разбере. Веќе знаеше…..Последната ноќ. Сега во голема врева, таа слушаше тишина. Не заспа, будна остана. Чекаше да слушне барем уште една невистина. Уште една лага. Ги слушаше стрелките на часовникот. Времето што сакаше да го запре. Денот што не сакаше да дојде. Зборовите што ги слушаше а не сакаше да ги чуе. Ова срце знаеше. И последното парче. Ова срце сакаше и скапо плати. Ова срце веруваше и се скрши. Ова срце се надеваше и се изгуби. Некаде помегу ликот негов, сите пријателски лица, фустанот, гласната музика, звукот на црните штикли, мирис на парфем, таму некаде во сите тие сенки и светла ја виде единствената рамка. Во неа стоеше отсуството на Последната ноќ!!

Сама

Таа вечер се обидував да не мислам. Се обидував да се насмеам. Се обидував да се потсетам дека не ми требаш, дека не те сакам, дека не ми значиш. Посакував да е така. Баш онака како што ми кажа еднаш. “Посакувам да не ми значиш, посакувам да ми е гајле за тебе…“. Се чувствував чудно. Како некоја тапа тешка болка во градите. Како да ме гуши. Но, не можев да плачам. Со сета сила со саати се обидував да заплачам, се надевав дека ќе ми биде полесно ако се исплачам. Ама солзиве не сакаа да потечат. Се плашев дека нема да можам да се испразнам. Дека ќе останам ваква. Засекогаш. “Млада си” – ќе ми речеше да беше тука. Но не си. “Ќе дојдат уште многу. Не сум само јас.” – ќе ми речеше да беше тука. Но ти не си тука. Ноќите кога плачев барем ми носеа сончеви утра, барем ми носеа утра кога ќе го слушнев твојот глас. Сега знам дека нема да се јавиш. Нема да се јавиш и да се преправаш како ништо да не се случило. Нема да ме налутиш, а потоа да ме прегрнеш… А, затоа ли солзиве не сакаат да течат? А затоа ли срцево ме стега? Се чувствувам преполно, а сепак празно. И некоја вештачка насмевка ми е окончана како некој пластичен израз. Некоја заштитна маска. Барем да ми ја оставеше онаа ноќ да ми беше последна. Онаа ноќ кога ти кажав дека сакам никогаш да не заборавам. Барем да ме оставеше тогаш засекогаш. Барем да ме оставеше вчера, барем да ме оставеше утре. Барем да ме оставеше било која ноќ, само не оваа. Само не оваа. Ќе плачев цела ноќ. Ќе плачев и наредниот ден. И тој после него. Но, барем ќе бев празна по некое време. Барем ќе можев да почнам одново. Барем да ми кажеше дека ти значам. Барем да ме погледнеше еднаш онака како што цел живот ќе паметам. На оној начин – полн со емоции и да ме прашаше повторно: “А, оваa има ли емоции во себе?” И потоа да заминеше. Барем да можев да плачам. Посакувам да плачам. Да викам. Да врескам. Барем да можам да извикам на цел глас, цел свет да ме слушне. Бар да можам да си го пронајдам срцето некаде во мене. Да можев да украдам уште еден бакнеж кој ми припаѓа на мене. Да знаев дека никогаш нема да те видам, ќе го украдев и оној мал момент со тебе. Да знаев дека никогаш нема да те видам, ќе те прегрнев и ќе го впиев мирисот на твојата мекост. Мирисот на прегорена цигара и турско кафе. И повторно ќе те прегрнев и ќе се чувствував најсигурна на светов. Заштитена. Чувана. Љубена. Ќе украдев уште некој бакнеж и уште еднаш ќе те држев за рака. Ќе ја држев со сила твојата рака, велејќи ти дека ми е ладно и ќе се преправав дека засекогаш ќе ми припаѓа на мене. Дека засекогаш ќе ми припаѓаш на мене. Ќе дозволев да ме покриеш со твојата јакна и ќе се обгрнев со неа. Ах, колку го обожавав тој мирис. Ми припаѓаше на мене. На мојата приказна. На нашата приказна. Само сега, без тебе во неа…

“Приказна од дневникот на една тинејџерка”

После се на крај секогаш се добива решението дека тетратка најдобро ги впива солзите, пенкалото ги кажува зборовите наместо тебе, ти ги чита мислите најдобро од сите.
Ех таа хартија колку пати сум ја почувствувала како најблиската личност на светот…
само што неможе да зборува, или сепак може, но јас не ја разбирам, како што другите често
не ме разбираат мене.
Ќе ги напишеш неколку зборови кои за тебе ќе значат сеќавање,
спомен или далечна меморија од изгубени денови на смеа радост тага, разочарување…
ти само пишуваш, кажуваш се што сакаш без да добиеш критика за делото кое ни ти
самиот не си сакал да го направиш.
И седиш така во еден агол од својата соба во раните часови на мракот, за да го истуриш целиот гнев
врз страниците кои ништо не ти згрешиле.
Се сеќаваш дека имало денови кога врисокот на твојата болка си го прикривал со шумот на водата во бањата,
дека си чекал полноќ сите да заспијат за да не те видат како се враќаш дома со очи полни
разочарување и душа уморна од 24часовната борба… две- три долги воздишки низ маглата, и цртање лажна насмевка
со невидлив молив, (кој другите сепак го гледаат) пред да ја отвориш влезната врата.
Таа вечер сфаќаш дека единствено што ти преостанува е следниот ден да глумиш дека се е во ред, затоа што
кога ќе се занесеш во улогата барем
на момент помислуваш дека претставата во која си среќен е вистинита.
Тик…так…часвникот отчукува пак, и за секоја секунда ти ги броиш голтките алкохол кои си ги испил во барот…
Е да, алкохол и тинејџер, во годините кои треба да бидат најубавите во неговиот живот.
И се што добиваш од страна е само критика од личност која заборавила дека некогаш била на твоето место.
Се сеќаваш  дека често зорите од летниот распуст си ги дочекувал на некое од твоите скришни места,
за кои можеш само да фантазираш дека се излезени од твоите соништа.
Се гледаш себеси, една вечер, како седиш на камените скали, пиејќи пиво од самрак до зори, и знаеш дека
нема да ти наштети затоа што ќе го исплачеш до последната капка. Потоа се смееш и ја пееш тивко песната чиј
текст одговара перфектно на твојата ситуација, додека поминува една љубопитна мачка, се плаши и заминува…
и пак остануваш сам.
Често заслепена од гласовите на околината кои со прстот те колнат поради твоите грешки, а ти си среќна што си ги направила,
затоа што си се здобила со ново искуство, си научила како следниот пат да не паднеш во иста дупка.
Често се прашуваш дали некој некогаш те предупредил дека животот ќе биде баш таков,
и дека најтешко е кога се чувствуваш како земјата да ти се руши под нозете а небото гори над тебе.
Покрај решенијата кој треба да ги носиш за проблемите, и стратегиите за сигурен пат до саканата цел,
мораш да размислуваш со внимание за да не ја нарушиш довербата на другите во тебе.
За да не ги изневериш нивните очекувања од тебе, кои сами ги создале, па глевен виновник си ти ако тие погрешиле.
Да, знам и самата дека сум направила разочарувања . Грешки и глупости, но сеуште вредам да бидам ценета затоа што никој
не е совршен, и никој не е онаков каков што ние очекуваме да биде.
Лесно е да се критикува, но тешко е да бидеш критикуван затоа што пушиш цигари, кога оние што те критикуваат
незнаат дека цигарата на моменти е подобро рамо за плачење од самите тие.
Ќе ти речат дека твојот образ е црн, без да знаат дека си се изгорел кога си мислел дека убаво е долго да гледаш во сонцето.
Заспиј, кога уморот сам ти ги затвора очите со помисла и надеж дека следниот ден ќе можеш да му измислиш насмевка и на сонцето.
Заспиј, кога сакаш да се разбудиш со подобра шанса за нова игра, но немој низ сонот да заборавиш дека утре
те чекаат другите кои заборавиле дека не си единствениот грешник.
И потоа мораш да го прекинеш пишувањето на денешната приказна за твојот дневник затоа што согледуваш дека последните
реченици кои си ги напишал немаат никаква смисла, а за следните немаш никаква идеја. Инспирација убиена од родителите
што често заборавват дека на еден тинејџер му треба време кога несака да зборува со никого…

” Бакнежи,прегратки,очи насмеани “

Дожд, ладно-само една насмевка, очи полни несигурност и прегратка.
Една вечер. Вечер во која за прв пат си дозволив да бидам онаа личност која навистина сум, си дозволив да се опуштам, и да бидам правата јас, без лаги, без криење.

Росеше… најубавото нешто, чувството кога лесни капки ќе ти паднат на лицето, а сепак не те облива тага зошто знаеш дека не се солзи, те милуваат капки кои за разлика од оние од твоите очи, овие ти носат среќа, и те прават исполнет, ти го даваат чувството на задоволство и убавина.

Вечер… период кој ти ја исполнува желбата да си поигруваш со времето, период во кој ти се среќаваш самиот себеси во две етапи…крај на денот и почеток на утрото-спој на временски разлики, нешто што звучи толку комплицирано и сложено прикажано во едно прекрасно нешто…вечерта.

Лице… кое е чувството кога личноста која навистина ти значи е тука,пред тебе.Ти зборува, а ти се губиш во длабочините на погледот на тоа лице,поглед кој никогаш нема да го заборавиш, поглед кој ти кажал сe, сe што во тој момент ти било потребно.Поглед со кој си го направил најдолгиот разговор во животот, а сепак не си изговорил ниту еден единствен збор.Усни, совршенството со кое беше кажано многу, а сепак не се помрднаа,беа заледени, а сепак топли со најизгубената насмевка, насмевка за која би дала сe…само за да ја видам уште еднаш.И на крај личноста и неговата прегратка-прегратка која можам да ја опишам со една често користена фраза-прегратка на дете,силна, топла, и неверојатно искрена.Спој на двете тела, долгочасовен разговор без збор.Незаборавно, но и неповратно…

Магична вечер

Повторно фебруари,дојде уште еден 14ти.Некои прославуваат,ден на виното а некои ден на љубовта.
За кого како,за мене беше само обичен ден.Љубовта за мене е она што најмногу ме боли,а со виното…па и не би сакала толку многу да се дружам.Се беше обично се до тој момент кога не постана тој ден толку магичен,за тој миг.dxcСедев така празна и осамена,се додека не одлучив и не собрав храброст,да си ја пробам среќата,или пак повторно да се вратам во живот.Беше неколку минути по полноќ,бевме сами јас и тој.И блескавите ѕвезди кои од секогаш биле сведоци на нашата љубов.Не ми се веруваше на сопствените очи,дека повторно сум застаната тука….дека повторно сум до оној кој ме правеше најсреќна.Стоев како прализирана,а на лицето имав блага насмевка…како за момент да застана времето.Стоев и само со светлината во моите очи го гледав,го гледав најмилото суштество,најубавите очи што воопшто некогаш сум ги видела.Посакав да го прегрнам….но залудно имаше нешто што не ми дозволуваше….А како што тој се доближуваше кон мене и упорно зјапаше во мене….чуствував се поголема и поголема сигурност.Внимателно го слушав како зборуваше,а неговото зборување мене ме опијануваше,што дури понекогаш знаеше да ме извади од контрола.Е гледав повторно онаа слатка срамежлива насмевка.Незнам како успеав….или можеби се опијанив од она што го гледав,решив да е покажам мојата храброст…за мене сеуште непознато,незнам како успеав…но кога малку се освесстив ги видов моите раце обвиткани на неговата половина.Не ми се веруваше на сопствените очи…Потоа се најдов во неговата прегратка…во прегратката каде што секогаш се чуствував најсреќна,исполнета и најзаштитена,мојата глава се најде на неговото рамо.Го почуствував повторно неговиот мирис,мирисот кој ме враќаше во живот,но и ми наврати многу спомени од минатото….

Љубовна опивка

Се почувствува сигурно. За прв пат по долго време се почувствува заштитено. Тоа беше денот кога неговите усни се запечатија на нејзиното чело,тогаш почувствува пеперутки во стомакот,нејзината крв почна да тече мирно. Магичен,таков беше мигот. Ги слушна сите светски камбани во тој момент.
Колку сакаше повторно да го почувствува истото нешто. Бар само уште еднаш.

–  ” Нека неговите раце повторно ме обвијат,нека ме спои повторно со себе. Нека ме бакне повторно. Се колнам. Во мигот моето име ќе биде Среќа.” – постојано повторуваше.
Во нејзините вени нема да тече крв,туку љубовна опивка.
Се колнеше. Во ноќите темни сонот го бркаше и за него се молеше. Нејзините молитви го имаат неговото име. Се молеше за нивната среќа. Погледот и е насочен кон небото,а мислите кон него. Го сакаше повторно до неа. Се колнеше дека тоа  е сѐ што сака..
Се обрати со тажен глас и солзи во очите – ‘”А денот,денот кога ова ќе стане реалност,јас свеќа ќе запалам и со рака на срце пред бога ќе се заколнам дека за негова среќа ќе живеам , и за неговите усни споени со моето чело ќе дишам..”

‘‘ Само еднаш се љуби вистински ‚‚

“Постојат многу љубовни приказни но, нашата беше поинаква – совршена. Никој не нѝ кажа дека вистинската љубов боли. Или пак, ние тоа не сакавме да го знaеме? Сосема небитно. Проклет да е тој августски ден што нè уништи. Љубовта не, но нас да. Го нема повеќе она “ние’, сега сме само јас и ти. Двајца луѓе што некогаш си значеа многу еден на друг а, денес се само двајца туѓинци. Помина многу време,а како вчера да беше. Сеуште се сеќавам на моите први љубовни солзи кои многу ѝ тежеа на мојата душа кога ме напушти. Тогаш го осетив вкусот на болката што ја предизвикува првата љубов. Дури и небото пушти неколку солзи таа ноќ за љубовта што згасна, а некогаш толку силно гореше. Tолку многу ме сакаше и не дозволуваше никогаш да бидам повредена. Премногу убав спомен остави во моето срце кој засекогаш ќе живее таму. Не, нема повеќе никого да сакам како што те сакав тебе. Нешто недостига кај мене. Недостига искрата во очите што гореше кога ти беше покрај мене и огнот во срцето што гореше секој ден сè повеќе и повеќе. Само еднаш во животот се љуби вистински, зар не?

“Не постои заборав”

Заборав? Што е тоа? Во мојов вокабулар никогаш не постоел таков збор,а во моево срце не постои back up опција па да избришам се што има во него.
Не постои алтернатива-ќе го помнам секогаш. Секоја прегратка што некогаш ми ја подарил засекогаш ќе остане запишана во мојата кожа. Секој бакнеж свиен на моите усни ќе ме пече се додека сум жива.
Заборав? Зар постои такво нешто? Не,не постои!
Тоа е само уште еден поим-апсурд на општеството. Како можам да ги втурнам во заборав тие очиња кои ме гледаат заносно. Како да ги заборавам магичните мигови изминати со него. Како? Никако. Нема заборав.
Непостои алтернатива-ќе го сакам додека сум жива.
Проклет да е мигот кога го послушав црниот волк во мене. Проклет да биде мигот во кој го истуркав од себе единственото нешто што беше навистина мое.
Знаев-морам да платам,но колку скапо? Дури и премногу. Платив со душата-му ја подарив. Сега сум сиромашна. Стојам на подот питајќи за ронка љубов, и дозволувам да ме газат. Дождови се слеваат по моето лице,силуети минуваат и се исмеваат со мене.
Цвет сум-веќе овенувам. Листовите ми паѓаат и врз нив се слеваат безброј чекори,калливи од дождот.
Ме валкаат,ме уништуваат…
Заборав? Не…нема да го заборавам.Само молам дождот да измие се од мене,грешките и зборовите кажани,болката и уништувањето.Нека дождов ги врати неговите бакнежи,прегратки и неговото битие.
Сакам се да биде како некогаш…

Исповед

Некогаш чувствувам како никој да не ме разбира. Всушност секогаш е така. А како не би било кога се случува некогаш и сама да не се разберам. Се гледам во огледалото ,ги гледам солзите како течат по моето лице и не можам да се сетам од каде доаѓаат , а ни каде одат. Тажна сум. Во мене владеат урагани веќе долго време. Би можела да се заколнам дека нема ни еден здрав орган во мене . Се е нагризано. Се е заразено. Оваа љубов -најубавото и највистинското нешто што сум го почувствувала во сиот мој живот , пополека ме убива . Овие канџи кои ме држат во место и не ми дозволуваат да итам со времето ми ја цицаат силата. Веќе и немам сила да им се протиставам . Одамна ми стана јасно дека никогаш нема да се ослободам. Оваа љубов ќе гори во мене се додека гори факелот на мојот живот .. Ќе живеам, ќе плачам и пополека ќе умирам, но секој мој здив ќе биде испуштен од љубов кон него.  Знам . Нема да ме разберат – ни јас не се разбирам. Ниту тие ќе видат , ниту јас гледам една единствена причина за оваа љубов што вирее во мене . Негледам причина , затоа што нема…
Но зар не е љубовта безусловна , безпричинска?? Така барем ја дефинираат Философите…

Ранета срна

Ми навираат солзи во очи!

Се чудам како е возможно секогаш да бидам толку близу, а сепак далеку.
Баш во оној миг кога ќе се решам на чекор, се појавува бездна пред мене. Ако до тој момент на чекор од мене стоел некој и ме повикувал да направам чекор, од тој момент, од другата страна на бездната нема никој.
Се чувствувам како да сум одела пеш до врвот на некоја планина. Толку сум изморена, повеќе и немам сила. Конечно стигам на врвот и сум подготвена на уште еден чекор напред, но одеднаш се појавува кратер.
Навистина е болно чувството кога ќе видиш колку напор и сила си вложил, а оној од другата страна не можел ни малку да почека. Да! Бедно е и боли кога пеш и боса го поминуваш истиот пат за назад. Со сите трња и камења, со сите студени ветрови и бури. Срцето ми се кине на парчиња, се обидувам да пресметам уште колку од тоа великодушно срце има останато во мене. Го чекам мигот кога ќе се претвори во камен и нема да чувствува ништо.
И како да не ми се плаче, кога во животот сум изодела пеш до многу врвови и сум била разочарана од фактот дека таму всушност нема никој.

Имам премногу работи да кажам, кои всушност не се лесни за кажување. Работи кои не ми се случиле по моја вина- туку така требало да биде. Треба храброст и трпение….само што изгледа никој го нема за мене. Треба бистар и чист ум, треба искрено срце и поглед кој не осудува- туку сфаќа.

И се ми е така проклето мачно денес! Денес не се трудам!

Заборавив да напомнам….. Признавам! Јас сум онаа девојка која нема среќа да направи чекор и да застане до некој. Јас сум онаа која од страна изгледа како се’ да и е совршено- но, не и е!

И денес, ми треба некој со кој ќе можам да застанам рамо до рамо и да чекорам со ист од. Ми треба некој кој ќе успее да ми го прочита стравот во очите и ќе ме почека, бидејќи иако изгледам како лавица- јас сум ранета срна која има страв во себе.

Незгасната љубов

Колку и да те сакам тоа ќе остане скриено кај мене во срцево.Јас те сакав,те сакам,и ќе те сакам.Сега си само сениште кое ме следи.Сениште од кое јас очајно барам љубов.Трагам по љубов.Помниш:бевме најсреќни вљубени,насмеани..Се се случи за миг.И двајцата се повредивме.Бевме пијани од љубов,толку пијани што и самите незнаевме што зборуваме.Таква ни била судбината,јас и ти.Можеби никогаш заедно не би можеле да бидеме повторно среќни никогаш ама баш никогаш.
И онака сум само обичен патик,кој безвредно минува тука низ времето.Патиник кој нема ништо свое.Патик кој бара нешто,кој бара човек што ќе умее да го сака.Тоа си ти зарем не гледаш.Зарем не помисли еднаш.Зарем не е виде онаа светлина во очите,иако повеќе се гледа тага. Што е со солзите,тие сами си навираат по лицево,лице невино.Детско онака како што го нарекуваше ти.
Се сретнавме случајно,се погледнавме.Два пати – три пати,се беше како некогаш.Насмевката.Љубовта сеуште живее меѓу нас.Но судбина било јас и ти да не бидеме заедно,можеби некогаш заедно на небото.
Знаеш,јас сум само обичен човек,што живее обичен живот.Моето име ќе биде наскоро заборавно,но јас љубев со цело срце,и тоа за мене секогаш беше доволно!

Судбината на една љубов…

Беше млада. Животот беше пред неа, но таа не придаваше големо внимание на тоа. Тапкаше во место. Несакаше ништо ново, спомените не и дозволуваа да направи нов чекор . Мислеше дека е доволно јака да го издржи и ова, но неможеше, се предаде . Неговите зборови се забодуваа во нејзиното срце, толку силно како убоди од нож. Се парчеше срцето, се привикна на болката, повеќе не се радуваше на новото утро, на сонцето, на птиците , сега се радуваше на дождот  бидејќи  само тогаш можеше слободно да ги пролева своите солзи  без никој да примети . Надеж нема, само раните што се отвараа на срцето беа се поголеми и поголеми… Знаеше дека залудно се труди бидејќи сфати дека љубовта исчезнала. Несмееше да се навраќа на таа улица, на тоа место бидејќи освен болка и солзи во очите немаше да и донесе ништо ново. Ја изгуби волјата за живот, размислуваше за работи кои би ја довеле на прагот на смртта, но не се плашеше. За прв пат не се плашеше од смрта,толку желно ја чекаше. Сакаше да го извади своето срце и да го фрли толку далеку да не чувствува ништо повеќе, никогаш да не се заљуби. Но тоа не беше така лесно.  Животот си поигра со неа. Судба и било да го изгуби . Да засекогаш го изгуби него, надежта и волјата за живот. Се упати право кон бездната..